• Latest
Фото: Влада.мк

Битиќи: Историски ден, Северна Македонија доби сопствена берза која ќе овозможи транспарентно тргување со електрична енергија

May 10, 2023
Фото: Скриншот од видео на ВВС

САД го означуваат венецуелскиот картел како странска терористичка организација

November 17, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп ги охрабрува републиканците да гласаат за објавување на досиејата на Епштајн, означувајќи силен пресврт

November 17, 2025
Фото: Глобус

Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

November 16, 2025

Трајниот геноцид на кремљовскиот режим

November 16, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Повикување во живот

November 16, 2025
Фото: Wikimedia commons

Велика Британија испраќа војници во Босна: Јасна мисија и силен сигнал до Балканот

November 16, 2025
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Битиќи: Историски ден, Северна Македонија доби сопствена берза која ќе овозможи транспарентно тргување со електрична енергија

May 10, 2023 18:12
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ИЗЈАВИ
Фото: Влада.мк

Фото: Влада.мк

Share on FacebookShare on Twitter

Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, се обрати на настанот организиран од Националниот оператор на пазар на електрична енергија-МЕМО, по повод почеток со работа на македонскиот организиран пазар на електрична енергија, пазар  ден-однапред.

Во неговото обраќање, вицепремиерот Битиќи рече дека почетокот со работа на македонскиот организиран пазар на електрична енергија е историски момент за нашата земја, за нашата енергетика и за нашата економија бидејќи со ова, нашата земја се придружува на еден високо конкурентен и динамичен европски пазар на електрична енергија, кој понатаму ќе ни овозможи поврзување на домашниот пазар на електрична енергија со пазарите од соседството и исполнување на нашите енергетски потреби на најефикасен начин.

„Берзата на електрична енергија ќе овозможи конкурентен пазар на кој транспарентно, недискриминаторски и ефикасно ќе се тргува со електричната енергија односно размена на понудата и побарувачката на електрична енергија во земјата. Со активно купување и продавање на електричната енергија на пазарот ден однапред конечно ќе се добие референтна цена на електричната енергија на пазарот на големо во Северна Македонија. Оваа берза, со која ќе раководи Националниот оператор на пазарот на електрична енергија МЕМО, ќе овозможи поголема транспарентност, конкурентност и ефикасност при тргувањето со електрична енергија на пазарот на големо. Исто така, сите наши компании и нашите инвеститори добиваат можност за транспарентно и недискриминирачко тргување со електрична енергија“, рече Битиќи.

Вицепремиерот Битиќи изјави дека македонската берза на електрична енергија, не е важна само за нашата земја, туку и за целиот регион, бидејќи затвара еден голем циклус на либерализацијата на пазарот на електрична енергија, согласно ПАН Европскиот модел на пазари на електрична енергија.

„Се надевам дека Северна Македонија ќе ја искористи својата географска положба и добрата интерконекциска поврзаност со соседите за што е можно поскоро регионално поврзување со пазарите на електрична енергија од ЕУ и регионот на Западен Балкан, кое ќе донесе ликвидност на берзата на електрична енергија, поголеми текови на електрична енергија и конкурентна цена на електричната енергија на либерализираниот пазар. Сепак, морам да истакнам дека отворањето на берзата на електрична енергија не е крајната цел. Тоа е само еден од многуте чекори кои ги преземаме при создавањето на современ енергетски пазар во нашата земја“, рече Битиќи и подвлече дека ова отвора многу нови можности за развој и просперитет на нашата земја и привлекување на нови инвеститори во производствени капацитети од обновливи извори на енергија како што се сонцето, ветрот итн.

„Сето ова допринесува за создавање на уште подобри улови за потенцијалните странски инвеститори во Северна Македонија во делот на производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија, како и поголема стабилност на енергетскиот систем во државата. Исто така тргувањето на пазарот ден однапред ќе овозможи оптимизација на своите портфолија кај производителите, и полесна адаптација на својата работа на големите потрошувачки капацитети на електрична енергија“, рече Битиќи.

Заменик-претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, во своето обраќање рече дека со реализација на овој проект, Северна Македонија потврдува дека останува посветена и посветено чекори кон економски раст на државата, воведување на конкурентни недискриминирачки пазари и со макотрпна работа при транспонирање на европското законодавство и практики докажува дека чекори кон големото Европско семејство

„Денес, се гордееме што можеме да кажеме дека Северна Македонија има сопствена берза на електрична енергија, која ќе има значајно економско и енергетско влијание во регионот, и е подготвена за регионално поврзување на пазарите на електрична енергија водејќи се од ПАН Европскиот модел на пазар на електрична енергија“,  рече Битиќи.

На настанот беше прочитано и писмото на претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, во кое меѓу другото се вели дека „Работата на оваа берза, значи сигурност за производството на струја, сигурност за  болниците, за училиштата, за сите институции, коишто набавуваат енергија на либерализираниот пазар  – односно стабилно снабдување со струја и можност за ефикасна набавка на достапни количини на струја. За компаниите и за инвеститорите, значи можност за транспарентно и недискриминирачко тргување со електрична енергија. За државата и за граѓаните, почетокот со работа на берзата, значи можност за нови странски инвеститори, коишто ги мотивираме да инвестираат во обновливи извори на енергија во земјава“.

Управителот на Националниот оператор на пазар на електрична енергија, МЕМО, Симон Шутиноски во неговото обраќање рече денеска во 10:35 часот за првпат во Република Северна Македонија се затвори портата за тргување на македонската берза на електрична енергија, со што се означи почетокот на функционирањето на организираниот пазар, пазарот ден – однапред во нашата земја.

„Патот на воспоставување на организираниот пазар на електрична енергија не беше лесен, напротив исполнет со препреки и предизвици, на кои јас и моите колеги од МЕМО не подлегнавме, туку напротив бевме повеќе мотивирани да успееме во доближувањето на Северна Македонија до големото Европско семејство“.

Заменик-Амбасадорот на САД во Северна Македонија, Ерик Мајер ја поздрави работата на организираниот пазар на електрична енергија, која ќе донесе многу придобивки, како што се ефикасно одредување на цената преку еден транспарентен начин и доверливи податоци за инвеститорите, и дека ќе претставува поддршка за обидите на Северна Македонија за декарбонизација.

Tags: берзаБитиќиелектрична енергија
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ