• Latest

Битиќи: Неопходна ни е дополнителна работна сила за да имаме економски раст и развој

January 29, 2023

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Битиќи: Неопходна ни е дополнителна работна сила за да имаме економски раст и развој

January 29, 2023 11:45
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ИЗЈАВИ
Share on FacebookShare on Twitter

Веќе е дојдено време да ја отвориме дискусијата за потребата од дополнителна работна сила на пазарот на труд, порача вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи на гостувањето во емисијата Zoom in на регионалната телевизија Bloomberg Adria каде говореше за потребата за увоз на работна сила како неминовно решение за недостигот на работна сила со која се соочува нашата земја, пренесува МИА.

Во разговорот, Битиќи рече дека додека работиме на доквалификација и реквалификација на одредена група невработени во земјава за да ги прилагодиме на потребите на пазарот, дополнително ќе мора да се најде начин да се надополни одливот на работници.

-На пазарот на труд има недостаток на работна сила и мора да одговориме на тој предизвик ако сакаме да имаме забрзан економски раст, посочи Битиќи.

На прашањето на Bloomberg Adria дали во тие 14 отсто невработеност не може да ги најдеме квалификуваните кадри кои што ги бараат компаниите и оттаму да се земат наместо да се бара увоз на работна сила, вицепремиерот одговори дека примарно работната сила ја бараме од тие кои се активни баратели на работа во земјава, но констатација на сите е дека се уште имаме недосток на работна сила во некои сектори и специфична квалификувана работна сила.

На темата за увоз на работна сила во истата емисија говореа и Миле Бошков, претседател на Бизнис конфедерацијата и Глигор Бишев, претседател на Советот за унапредување на високото образование и стратегиски истражувања на Стопанската комора.

-На пазарот има сериозен недостиг од работна сила, па затоа според стандардот на работниците и платите во регионот и пошироко, сметаме дека ќе мора да се потпираме на работна сила која ќе мора да ја донесеме од блискиот и далечниот исток, а можеби и од други континенти, изјави Бошков.

Глигор Бишев, пак, во неговата изјава истакна дека и покрај тоа што имаме стапка на невработеност од 14,2 отсто, речиси не можат да се најдат лица за работа во градежништвото, но и во голем број други индустрии, а исто така и во голем број услужни сектори.

 

Tags: Битиќидополнителна работна силаекономски раст и развој
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ