• Latest

Битиќи – Пајат: Сратешкото партнерство на САД со Северна Македонија поттикнува и попродлабочена економска соработка

September 26, 2023
Лвив, Украине, 9 Мај 2025 (фото извор: Амб. на Украина)

(ИНТЕГРАЛЕН ТЕКСТ) Заедничка изјава од Состанокот на министрите за надворешни работи во Лвив за формирањето Специјален трибунал за злосторство агресија против Украина

May 9, 2025

Макрон: Путин е на страната на војната, сите што веруваа поинаку се одговорни за своите заблуди

May 9, 2025
Фото: Кабинет на претседателот

Украина ќе биде домаќин на средба на „Коалицијата на подготвените“

May 9, 2025

ЕУ ќе ја финансира украинската воена индустрија од замрзнатите руски средства

May 9, 2025
Супорт Кочани, фото Х

„Супорт Кочани“ со герила акција на плоштадот во Скопје: „Толку ли брзо нè заборавивте“

May 9, 2025

(ВИДЕО) Со „Шерман“ повторно против фашизмот – на Илон Маск

May 9, 2025

24 ЧАСА: Европа посилна од Путиновата воена пропагандна парада; „Супорт Кочани“ со герила акција на плоштадот во Скопје: „Толку ли брзо нè заборавивте“; Уште едно убиство, застрелан турски студент во кафуле во Штип

May 9, 2025

Денот на Европа – сидро на стабилноста наспроти Путиновата пропаганда

May 9, 2025

Одбрана на демократијата: Обнова на довербата во демократските институции и процеси

May 9, 2025
Никица Корубин

(Де)исламизирана албанофобија

May 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Битиќи – Пајат: Сратешкото партнерство на САД со Северна Македонија поттикнува и попродлабочена економска соработка

September 26, 2023 12:16
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, во Американскиот Стејт Департмент во Вашингтон, остварил со средба со Џефри Пајат, помошник државен секретар за енергетски ресурси.

На средбата, соопштија денеска од владината прес-служба, вицепремиерот Битиќи изразил благодарност за економската поддршка која Северна Македонија во континуитет ја добива од САД, пришто го информирал американскиот помошник државен секретар за активностите на Северна Македонија во делот на изградбата на гасниот терминал Александруполи, кој на среден рок ќе гарантира диверзификација на изворите за снабдување со гас.

Вицепремиерот Битиќи посочил дека Северна Македонија е од ретките земји во светот која до пред една година беше 100 проценти зависна од гасот од Русија.

– На крајот на 2022 година е отворен патот за други добавувачи преку зголемување на капацитетот на интерконекторот со Бугарија, а токму проектот за интерконекторот со Грција и гасното поврзување со Александруполи ќе ја направи земјава независна од руската енергија, се наведува во соопштението.

Покрај енергетската криза што ја зафати нашата земја, но и целиот свет, подвлекол Битиќи, Владата остана на заложбата да инвестира во развојот на енергетскиот сектор и да обезбеди одржлива енергетска транзиција, со што ќе се намалат и емисиите на стакленички гасови.

Пајaт го реафирмирал стратешкото партнерство на САД со Република Северна Македонија, пришто истакнал дека одличните политички релации меѓу двете земји, поттикнуваат и попродлабочена економска соработка.

На средбата станало збор и за потребата за замена на јагленот со обновливи извори, пришто заедничка била констатацијата дека Северна Македонија треба да го следи примерот на САД каде електричната енергија произведена од обновливи извори во 2022 година, го надмина производството на електрична енергија од јаглен.

Во оваа прилика вицепремиерот Битиќи посочил на усогласувањето на енергетските политики на Владата која преку современите енергетски технологии и мобилизирање на финансии, го отвора патот за одржлива и просперитетна енергетска иднина која ги ублажува климатските промени, ја подобрува енергетската безбедност и го поттикнува економскиот раст, пренесе МИА.

Тој додал дека изградбата на најголемиот извор од хидро капацитетите за проектот „Чебрен“, со проценета вредност на инвестиции од милијарда евра, предвидува капацитет на производство на базна енергија од 300 – 330 MW.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ