• Latest

Битиќи: Секој што ќе инвестира, ќе биде поддржан – нов договор за државна помош со „Кромберг и Шуберт“

October 19, 2022

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА & БИЗНИС

Битиќи: Секој што ќе инвестира, ќе биде поддржан – нов договор за државна помош со „Кромберг и Шуберт“

October 19, 2022 15:03
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА & БИЗНИС, ИЗЈАВИ
Share on FacebookShare on Twitter

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи денеска во Битола потпиша нов договор за државна помош со „Кромберг и Шуберт“ која е според Законот за финансиска поддршка на инвестиции.

Во изјава за медиумите, вицепремиерот Битиќи истакна дека станува збор за трет договор кој го потпишуваат со „Кромберг и Шуберт“ и како што рече производствените капацитети на инвестициите и бројот на вработени во оваа компанија во нашата земја продолжува да расте.  

-Денешната дата всушност се поклопува со многу добар датум, а тоа е датата на отворање на оваа фабрика овде пред 10-ина години во индустриската зона „Жабени“ која денеска брои над 5.300 вработени. Новата инвестиција за која денеска го потпишавме договорот за финансиска поддршка е во вредност од 25 милиони 760 илјади евра и ќе креира нови 1.230 вработувања во следните три години, и предвидува проширување не само на постојните и отворање на нови производни линии со кои ќе се произведуваат делови за „ауди 4“, новиот модел „ауди А6“, рече Битиќи.

Според вицепремиерот, компанијата „Кромберг и Шуберт“ има исклучителна важност за развојот на пелагонискиот регион.

-Во последните години направивме значителни законски измени со цел развој на сите региони во нашата земја, а една од нив е измената која ја направивме во Законот за финансиска поддршка на инвестиции компаниите кои вложуваат во помалку развиените региони процентуално да добиваат поголема финансиска поддршка. Ова е примерот како „Кромберг и Шуберт“ ја добива таа поддршка, а поддршката за компаниите расте особено е значајна што и во време на криза тие продолжуваат да инвестираат и соодветно да растат. Само оваа година преку Законот за финансиска поддршка на инвестиции потпишавме нови 277 договори со компании за инвестициски циклуси во следните години, односно 277 договори ќе направат инвестициски циклус од 140 милиони евра, а вкупно од сите компании 95 отсто од нив се домашни компании, нагласи министерот Битиќи и додаде дека целото портфолио на компании кои ги поддржуваме во нивниот развој е над 550 компании, со активни договори коишто Владата ги поддржува.  

На прес – конференцијата во Битола, заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи потсети дека со неговото доаѓање на позицијата што ја извршува, во 2020 година за првпат и покрај КОВИД кризата имавме 100 отсто исплата на државната помош кон нашите компании.

-Со тоа се потврдува нашата посветеност кон нив и нашата намера да продолжиме да ги поддржуваме. Секој којшто ќе инвестира ќе биде поддржан, додаде Битиќи.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ