• Latest

Битиќи: Целите на Берлинскиот процес се приоритет за Северна Македонија, затоа што ние сме Европа и по тој пат продолжуваме да одиме

June 30, 2021
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Битиќи: Целите на Берлинскиот процес се приоритет за Северна Македонија, затоа што ние сме Европа и по тој пат продолжуваме да одиме

June 30, 2021 14:12
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Ние сме Европа. Сите земји од иницијативата Западен Балкан 6 (Берлински процес)  се Европа и јас силно верувам дека ако одиме заедно ќе одиме посилно и побрзо. И додека работиме кон заеднички регионален пазар, правиме чекор напред кон единствениот пазар на ЕУ што ќе ја зајакне нашата економска интеграција.

Во таа насока на состанокот на Управниот одбор на Западен Балкан 6 – Форум за комори за инвестиции, ја презедов иницијативата за создавање на единствени, кохерентни политики за привлекување на странските директни инвестиции за сите земји, но исто така, создавање силен регионален синџир на вредности. Тоа ќе ја подобри нашата конкурентност многу повеќе отколку што може да направи секој од нас – индивидуално. Регионална конкурентност во однос на регионалната конкуренција.

Ова, верувам дека е нашата иднина“, нагласи заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, на состанокот на министри за економија на земјите кои учествуваат во Берлинскиот процес, кој се одржа преку видео конференциска врска.

Вицепремиерот во своето обраќање потсети дека на минатогодишниот самит кој се одржа во Софија, земјите од Западен Балкан го прифатија предизвикот да се направат пресвртниците на Зелената агенда за Западен Балкан како уште една алатка за регионот, за да се приклучи на европските напори обликувани во политиките на Европскиот зелен договор. Овие политики се наменети за модерни општества, создаваат економско-ефикасни и конкурентни економии каде што растот се раздвојува од емисиите на стакленички гасови, се користи ефективна употреба на ресурси и правилно се менаџира со отпадот и се прават прилагодувања кон климатските промени.

„Зелената агенда опфаќа пет широки области на интервенција кои се опфатени со самиот Зелен договор. Тие се поврзани со декарбонизација, користење на воздух, вода и почва, циркуларна економија, земјоделство и производство на храна, како и заштита на биодиверзитетот. Генерално, Агендата е холистички, еко-базиран пристап за економски раст и нови деловни можности кои што водат кон одржлива потрошувачка и модели на производство, каде што ефикасно користење и повторна употреба на ресурсите се клучни, бидејќи ниту една финансиска предност нема воопшто вредност, ако не донесе социјална и/ или еколошка корист. Северна Македонија е посветена на овие цели“, посочи Битиќи.

Вицепремиерот информираше дека Владата на Република Северна Македонија започна со креирање на првата Национална стратегија за развој 2021 – 2041 година. Во овој стратешки документ за развој на нашата земја во следните дваесет години ќе бидат вметнати Европските зелени политики како составен дел на целокупната стратегија. Тој додаде дека на почетокот на јуни, Владата усвои Интервентен план за инвестиции, вреден 8,7 милијарди евра, каде значителен износ од 3,1 милијарди евра, или речиси 40%, е наменет за инвестиции – и јавни и приватни, во енергетскиот сектор.

„Ова, во комбинација со ревидираната индустриска стратегија со фокус на секторот производство за периодот 2018 – 2027 година, ќе ги направи реални целите поставени од Република Северна Македонија. Индустриската стратегија ги поставува приоритетите во индустриската политика, почнувајќи од зајакнување на темелите на производството преку зголемување на производствената продуктивност, иновации и трансфер на технологија или трансформирање на индустријата кон зелената индустрија, сите базирани на сектор за производство ориентиран кон знаење и учење. Нашата индустриска стратегија е усогласена со европската визија за нашето општество преку развој на производствениот сектор, зазеленување на производството, дозволување нови инвестиции и поврзување на СДИ со локалните производители за нивно вклучување во меѓународни/регионални синџири на вредности и многу повеќе. Нашата земја е исто така во завршна фаза на усвојување на Стратегијата за паметна специјализација за одржлив економски раст. И, како што можете да видите, мојата земја е посветена на постигнување на европски вредности и стандарди и работиме со полна сила, бидејќи веруваме дека припаѓаме во европското семејство“, потенцираше вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на денешниот состанок на економски министри од земјите на Западен Балкан.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ