• Latest

Битиќи: Викендов ќе се знае дали и колкав ребаланс ќе има

September 23, 2020

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Битиќи: Викендов ќе се знае дали и колкав ребаланс ќе има

September 23, 2020 15:33
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Веројатно викендов ќе можеме да одговориме дали е потребно ново задолжување или не. Во државата не е проблем нивото на задолжување, туку проблемот од минатото беше дали и каде ќе одат тие средства, порача денеска вицепремеирот за економски прашања Фатмир Битиќи.

-Ако одат за поддршка на економијата, граѓаните и работните места сметам дека е легитимно да се  задолжиме онолку колку што во овој момент е потребно затоа што само така заедно ќе го пребродиме овој момент и ќе влеземе во 2021 година многу посигурни и поспремни за справување со било каков нов предизвик, потенцира Битиќи во одговор на прашање по потпишувањето договор за државна помош со компанијата „ВИК Македонија“.

Повтори дека веќе сме во финалната фаза на подготовката на четвртиот сет на мерки за помош на граѓаните и стопанството за справување со последиците од корона кризата.

-Во овој момент ги финализираме сите подготовки околу ребалансот на Буџетот и веројатно во петок доцна ќе имаме јасен став што значи капацитетот во овој момент од страна на Буџетот за намалување на расходната  страна и ослободување на дел од средствата за четвртиот пакет. Тогаш ќе можеме да одоговориме колку ќе тежи економскиот пакет, но и како во првите три пакети ќе тежи онолку колку што на економијата и на секој еден граѓанин им е потребно. Клучен момент ќе биде одржување на секое едно работно место, потенцира Битиќи.

Вети поддршка на сите оние на кои им е потребна без разлика дли се стопанственици или граѓани или, пак, за друг начин на помагање кој ќе го направи полесен преминот и соочувањето со економската криза заради пандемијата со Ковид-19.

Прашан за коментар а вчерашната изјава на лидерот на БЕСА Билал Касами дека треба да се воведе двојазичност во сите компании бидејќи голем дел од Албанците не го разбираат македонскиот јазик, Битиќи рече дека денеска зборуваме за конкурентна економија и конкурентни стопанственици на прес-конференцијата по повод потпишувањето на договорот со ВИК на три јазици.

-Сметам дека тоа укажува како една економија може да биде конкурентна не само тука, туку и многу пошироко. Се стремиме кон еден пристап во кој конкурентноста ќе биде еден од клучените моменти и мислам дека тука би требало да завршиме со дискусиите за тоа прашање, посочи Битиќи.

Досега не е видено како Влада да имаме толку брз одговор на потребата и ситуацијата со лозарите и искрено не сметам дека ќе бидат оштетени. Ова е едно решение во кое сите добиваме, ние како Влада, винариите и лозарите, а кога се сите добитници некој помалце губи.

Ова го посочи вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во одговор на новинарско прашање по потпишувањето договор за државна помош со германската компанија „ВИК Македонија“ во Владата.

-Би се радувале да ја немавме пандемијата па нивната цена на грозјето да се движеше како во претходната година или дури и да биде уште повисока. За жал ситуацијата е таква каква што е, особено што имавме и неповолна клима воопшто, па родот кој го имаме не е со толакав квалитет кој винариите и откупните центри го бараат. Има неколку негативни моменти кои не одат во полза на државата, а и на самите лозари, но ние го правиме максимумот возможен да им одговориме за да бидат најмалку оштетени, рече Битиќи.

Фондот кој што го одредиме околу 400 милиони денари само за лозарите, додаде, некој ќе може да каже дека можеле  да одат на некое друго место, но ние рековме дека ни се важни и дека можеби во овој момент нема да бидат покриени некои други буџетски расходи.

-Тоа е пристапот кога имате Влада која сака да најде решение и е партнер – сите страни влегуваат и изнаоѓаат решение и мислам дека примерот со лозарите е таков, потенцира Битиќи.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ