Поддржувам замрзнување на цени само во краен случај, односно кога другата страна не се однесува морално и етички во една пазарна економија, изјави вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во гостувањето на Канал77.
Не може да се прави профит на грбот на граѓаните. Јавно ги поздравив сите пекари што отидоа и пониско од таа цена. Мора да ги менуваме начините на однесување, а како Влада покажавме дека сакаме да помагаме. Која е логиката да се помага некој со парите од граѓаните преку субвенции, а тој некој да сака само профитот да го зголеми, истакна Битиќи.
Тој додаде дека не може лебот да се продава по 45 денари, а паѓаат цените на суровините, како што е брашното на берзите.
Замрзнувањето на цената мора да биде во овој момент направено заради интересот на граѓанинот, но стопанствениците се свесни дека ниту една мерка досега не е направена да биде на штета на компаниите, нагласи Битиќи.