• Latest

Битиќи: Западен Балкан има голем потенцијал да стане особено привлечна дестинација за инвестиции

June 7, 2021
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Битиќи: Западен Балкан има голем потенцијал да стане особено привлечна дестинација за инвестиции

June 7, 2021 16:36
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи на покана на Институтот за менаџмент и бизнис Хајделберг, се обрати на панел дискусијата „Економската ситуација во ЕУ, особено во Германија како земја партнер на балканските држави“, која се одржа преку видео конференциска врска, во рамките на „Балканска бизнис недела“.

Вицепремиерот Битиќи, во своето обраќање на панел дискусијата посочи дека битката со КОВИД-19 е сè уште присутна во сите земји во светот, при што искажа оптимизам дека со процесот на имунизација, со сигурни чекори се пристапува кон економското закрепнување. Најголемиот предизвик во борбата со пандемијата, рече вицепремиерот, беше да се одржи стабилноста на здравствениот систем, а истовремено да се минимизираат последиците од пандемијата врз економскиот систем и да се задржат работните места на граѓаните, што е и направено со имплементација на шесте пакета економски мерки за поддршка на стопанството и граѓаните.

-Во однос на економската стабилност, имаме добро закрепнување на извозот, поради фактот што Северна Македонија најмногу привлекува бизниси со средна големина, не многу големи, што пак овозможува економијата да биде избалансирана и бизнисите да можат да излезат лесно од кризата и да се фокусираат кон закрепнување. Би сакал да истакнам дека позитивни се индикаторите во секторот автомобилска индустрија, во фармацевтски материјали и делови за електрични возила, како и во извоз на ИТ софтвер и услуги. Просечната плата бележи пораст од 6,8 проценти во март годинава, а индустриското производство забележа и пораст од 46,1 отсто во април годинава. Критичарите ќе речат дека овој резултат е постигнат поради лошата основа за споредба од претходната година, но во споредба со истиот месец во 2019 година, што историски е најдобрата година за индустријата на Северна Македонија, индустриското производство во април 2021 година падна само за околу 7 отсто, што укажува на тоа дека сè уште не сме го достигнале нивото на 2019 година, но трендот е нагорен и очекуваме да го достигнеме и надминеме нивото на 2019 година на почетокот на втората половина на 2021 година. Најновите податоци за вработеноста на крајот на првиот квартал од 2021 година се исто така многу охрабрувачки. Стапката на невработеност падна на историско најниско ниво од 16,0 отсто додека стапката на вработеност втор квартал по ред се зголемува од 46,8 проценти на крајот на 2020 година, сега имаме стапка на вработеност од 47,1 отсто или апсолутно бројки во текот на првите три месеци од 2021 година кога целата светска економија сè уште беше погодена од кризата КОВИД-19, во Северна Македонија се отворија околу 3.500 нови работни места, нагласи вицепремиерот.

Битиќи кажа дека Владата на Северна Македонија во изминатите години работеше и продолжува посветено да работи на унапредување на регионалните и меѓународните односи.

-Со гордост можам да кажам дека бевме сведоци на драстични подобрувања во регионалните и меѓународните односи, и иако сè уште има простор за надминување на некои прашања, ние дефинитивно се движиме во вистинската насока. Денес сме членка на НАТО, на пат кон ЕУ, нашиот однос со Обединетото Кралство и САД е стабилен, нашата валута е стабилна. Овие факти се клучни фактори за инвеститорите и ние сме многу горди што она што некогаш беше наш сон денес е нашата реалност – стабилно опкружување погодно и многу привлечно за странските инвеститор, додаде Битиќи.

Вицепремиерот зборуваше и за идните планови на Владата, при што се осврна на „Интервентниот план за инвестиции“, со вкупна вредност од околу 8,1 милијарди евра, а со кој се планира реализација на клучни проекти за создавање на одржлива и брзорастечка економија.

-Го објавивме нашиот инвестициски план за следните седум години, кој вклучува 3,1 милијарди евра инвестиции во зелена енергија, 2,7 милијарди евра инвестиции во патишта и железничка инфраструктура, 800 милиони евра инвестиции во производството, 300 милиони евра инвестиции во малопродажба, 500 милиони евра инвестиции во јавното здравство, 500 милиони евра во инвестиции во локална / комунална инфраструктура и околу 200 милиони евра инвестиции во туризмот. Тоа се вкупно 8,1 милијарди евра инвестиции. Нашиот план за инвестиции во следните седум години е фокусиран, тој е план да станеме подобра земја со почиста и позелена средина, со подобрена инфраструктура и подобри патишта, со посилен јавен здравствен систем, со подобрена и иновативна комунална инфраструктура и подобар систем за управување со отпад, и конечно, попривлечна туристичка дестинација, бидејќи туризмот беше една од индустриите што влијае на многу вработени, но исто така и на секој граѓанин. Сето ова ќе ја зголеми конкурентноста на нашата земја и на економијата, потенцираше вицепремиерот.

Битиќи информираше дека во подготовка е и Национална развојна стратегија од 2021-2041, која треба да ги одразува меѓу генерацискиот, родовиот, меѓуетничкиот, меѓу партискиот и долгорочниот консензус за приоритетите на Северна Македонија, со цел да се обезбеди инклузивен, зелен и одржлив развој за секого, особено за ранливите категории на граѓани.

-Овој проект исто така ќе ги открие и зајакне врските помеѓу сите други стратешки важни процеси што се случуваат во земјата, пред сè интеграцијата во ЕУ и Агендата за одржлив развој 2030 и исто така ќе развие добра стратегија за комуникација и електронска платформа за вклучување на што повеќе клучни чинители во процесот. Во корелација со ова, би сакал да посветам извесно внимание на претстојниот проект на Единствен регистар на државна помош, што го започнавме на почетокот на оваа година. Регистарот на државна помош ќе биде единствената точка на контакт за информации за државна помош. Процесот ќе биде целосно дигитален и без хартија од почетокот до последната фаза – вклучувајќи информации, апликација и одобрување. Ова ќе придонесе за усогласување на планирањето и буџетирањето на државната помош. Компаниите и граѓаните ќе добијат транспарентен и отчетен систем на државна помош, со што ќе се минимизира субјективната перцепција и едностраната процена, информираше Битиќи.

Тој ја истакна како клучна регионалната соработка помеѓу земјите од Западен Балкан, со крајна цел создавање на конкурентен и атрактивен регион за реализација на нови инвестиции.

-Би сакал да ја искористам оваа можност да го ставам во центарот на вниманието уште еднаш, важноста на обединувањето на Западен Балкан како еден регион, бидејќи силно верувам дека само заедно – можеме да постигнеме поголема конкурентност и да привлечеме повеќе инвестиции. Локацијата на Западен Балкан е многу привлечна, а овој регион има толку голем потенцијал да стане особено привлечна дестинација за инвестиции, но исто така заедно треба да работиме на создавање силни синџири на вредности и да го искористиме максимумот од нашата конкурентска предност, а тоа е близината од европските пазари. Поединечно, ние сме мали земји со големи аспирации, но заедно сме одличен регион со уште поголем просперитет. Заедништвото е клуч за успешноста, заврши во своето обраќање вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

На панел дискусијата учествуваа и министерот за финансии Фатмир Бесими, гувернерката на НБРСМ Анита Ангеловска Бежовска, извршниот директор и претседател на бордот на директори на Стопанска банка Диомидис Николетополус, заменик претседавачот на Комитетот за одбрана во Парламентот на СР Германија Карл Ламерс и претседателот на Хајделберг институтот Улрих Цајтел.

 

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ