Институтот за човекови права, Македонското здружение на млади правници, и Институтот за европска политика, организираат завршната конференција „(Б)итни реформи во судството!?” на која ќе се презентира и „Анализа за спроведувањето на Итните реформски приоритети во правосудството во РМ” подготвена во рамките на проектот „Заедничка акција за итни реформи во судството”.
Конференцијата ќе се одржи на 6 јуни, среда во хотел Арка, со почеток во 12 часот.
Општата цел на проектот е зајакнување на транспарентноста, отчетноста и професионалноста на органите на правосудството.
Б.Ј.