За проектот „Скопје 2014“ не важат препораките од Министерството за труд и социјална политика и Министерството за здравство, градежните работници да не работат на високите температури!
Граѓанскиот новинар Вулнет Махмути ни испрати фотографии според кои, градежните активности на „Панорамското тркало“ и на таканаречена Сува фонтана, на плоштадот „Македонија“, се одвиваат непрекинато и на речиси +40 Целзиусови степени.
„Еден од работниците кого го сретнав на терен, ми кажа дека мора да работи на пеколните температури, бидејќи има семејство кое чека храна од него“, додава Махмути.
Трудовиот инспекторат засега не презема конкретни чекори за да ги заштити работниците да не работат на високите температури.
Фотографиите ги подготви и приложи граѓанскиот новинар, соработник на ЦИВИЛ, Вулнет Махмути на 12 јули 2017.