• Latest

Бектеши: Иднината зависи од нашата заложба за унапредување на економскиот раст

May 16, 2018

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: руската агресија против Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Бектеши: Иднината зависи од нашата заложба за унапредување на економскиот раст

May 16, 2018 17:02
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Нашата иднина зависи од нашата заложба за унапредување на економскиот раст, поддршка на успешните бизниси и меѓусебна регионална соработка и взаемно почитување, порача министерот за економија Крешник Бектеши на конференцијата „Investment prospective: Western Balkans“ што денеска се одржува во Софија под покровителство на бугарското претседателство на Советот на ЕУ, во организација на Бугарскиот форум за бизнис лидери (БФБЛ).

Во фокусот на конференцијата е економскиот потенцијал на земјите од Западен Балкан, како и инвестициските перспективи за развој на бизнисот во регионот, а целта е дискусијата на бизнис лидерите да ја поттикне регионалната економска соработка како суштински дел од европската интеграција на земјите од Западен Балкан.

Бектеши, кој имаше свое излагање на тркалезната маса на тема „Економскиот потенцијал на Западен Балкан“, на која дикутираа вицепремиерот на Бугарија и економските министри од Бугарија, Србија, Косово, Босна и Херцеговина, Албанија и Црна Гора посочи дека економскиот просперитет е суштински за обезбедување долгорочна стабилност и развој на регионот на ЈИЕ, но и предуслов за поефикасен процес за евроинтеграција.

– Усвојувањето на Стратегијата за ЈИЕ 2020 од страна на владите во регионот ги потврдува заложбите за јакнење на регионалната соработка и поврзување на економиите, потенцирајќи ја идеата за одржлив развој преку поголема координација на националните политики, истакна Бектеши.

Тој потсети дека Берлинскиот процес и Самитот во Париз го задржаа фокусот на регионалното поврзување, при што, како што рече, беше ветено дека ќе се обезбедат дополнителни финансиски средства за подобрување на инфраструктурата во регионот. Бектеши го спомена и изготвениот повеќегодишен акциски план за создавање регионална економска област во Западен Балкан, чија цел е заеднички пристап за унапредување на економската соработка, преку промовирање на понатамошна трговска интеграција, воведување динамичен регионален инвестициски простор, олеснување на мобилноста во регионот и креирање на агенда за дигитална интеграција.

– Имплементацијата на активностите има за цел да овозможи непречен проток на стоки, услуги, капитал и висококвалификувана работна сила, со што регионот ќе стане попривлечен за инвестиции и трговија, забрзување на конвергенцијата со ЕУ и просперитет на сите свои граѓани. Регионалната економска област се базира на принципите на недискриминација, создавајќи еднакви услови за сите во регионот, посочи Бектеши.

Тој ја нагласи посветеноста на македонската Влада за континуирано спроведување на реформската агенда во економијата за да се овозможи подобро деловно опкружување и подобрување на конкурентноста, ставајќи акцент на Планот за економски раст, особено на мерките од третиот столб за финансиска поддршка на микро, мали и средни претпријатија како носечки столб на целокупната економија. (МИА)

Tags: економијаЗападен БалканКрешник БектешиСовет на ЕУСофија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ