„Градењето на довербата меѓу етничките заедници во Македонија е еден подолг процес, особено ако знаеме дека пред 20 години имаше конфликт кој и дотогашната кревка меѓуетничка солидарност ја скрши и сè уште треба да помине уште време сето тоа се излечи и да се доведе до некој степен на нормални односи меѓу етничките заедници“, вели Дино Блажески од УМС ВМРО-НП на панелот на ЦИВИЛ „Младите за мултикултурализмот и (не)дискриминацијата“.
Блажески смета дека политичките партии имаа претстава во која насока се движи мултикултурализмот во државата. Како што вели, политичките партии се приспособени на оваа ново време, иако од партија до партија идеолошки се разликуваат погледите кон мултикултурализмот. Во однос на дискирминацијата, и Рамковниот договор ги вади своите проблеми на виделина, во контекст на нееднаквоста на младите, како најголем проблем во моментот.
Камера и фотографија: Дехран Муратов
Монтажа: Ариан Мехмети