Американскиот државен секретар Ентони Блинкен утре ќе го посети Израел во знак на „солидарност и поддршка“ од администрацијата на Бајден по терористичките напади на Хамас врз еврејската држава, изјави портпаролот на Стејт департментот, Мет Милер.
„Блинкен ќе се сретне со највисоките израелски претставници; ќе го повтори своето сочувство за жртвите на терористичките напади врз Израел и најстрого ќе ги осуди тие напади; ќе ја потврди солидарноста на САД со владата и народот на Израел и ќе разговара за мерките за зајакнување на безбедноста на Израел, како и непоколебливата поддршка на САД за правото на Израел да се брани“, се вели во соопштението од Стејт департментот.
Посетата на Блинкен на Изрел доаѓа откако САД ветија воена помош за еврејската држава. а американскиот носач на авиони на нуклеарен погон „USS GERALD R. Ford“ веќе се движи кон источниот Медитеран. Носачот ќе биде придружуван од разурнувачи со наведувани проектили и крстосувачи со наведувани ракети.
Блинкен в петок ќе биде во посета на Јордан.