• Latest
Фото: Архива

Блинкен во нова турнеја по Блискиот исток во обид за притисок за прекин на конфликтот во Газа

June 10, 2024

ЕУ ги оцени локалните избори во Северна Македонија како конкурентни, но во високо поларизирачки политички амбиент

October 24, 2025
Фото: Скриншот

Стармер врши притисок врз сојузниците за ракети со долг дострел за Украина

October 24, 2025
Фото: Руска нафтена инсталација. Скриншот од видео на MIRROR NOW

Кина и Индија го ограничуваат купувањето руска нафта откако Трамп воведе санкции за Роснефт и Лукоил

October 24, 2025
Скриншот од видео на LiveNOW from FOX

Трамп ги прекинува трговските преговори со Канада поради реклама

October 24, 2025
Фотографија  од руски извидувачки авион Ил-20 виден од пилотската кабина на германски борбен авион над Балтичкото Море објавена на 16 октомври 2024 година. Извор: Германски воздухопловни сили/X

Два руски воени авиони навлегоа во воздушниот простор на Литванија

October 23, 2025

ДИК ги одби сите 57 приговори за првиот круг од локалните избори

October 23, 2025

Зеленски ја повика ЕУ да ги ослободи замрзнатите руски пари за одбрана на Украина

October 23, 2025

Самит на ЕУ: Зајакнување на европската одбранбена индустрија, зголемување на инвестициите во заеднички развој, производство и набавка за потребите на одбраната

October 23, 2025
Фотгорафија: Влада на РСМ

Мицкоски: Нема предвремени избори, не ги посакувам и сметам дека се непотребни

October 23, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Ѓорѓиевски и Лабудовиќ го чистат Скопје; Димитриевски ветува паркинг и парк на иста локација; Милосим Војнески, кадидат за градоначалник во Македонски Брод се повлекува од изборната трка

October 23, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Блинкен во нова турнеја по Блискиот исток во обид за притисок за прекин на конфликтот во Газа

June 10, 2024 08:06
in ВЕСТИ, КОНФЛИКТИ, СВЕТ
Фото: Архива
Share on FacebookShare on Twitter

САД го засилија притисокот за прекин на огнот во Газа со повик за гласање во Советот за безбедност на ОН за примирје, и го испраќаат највисокиот дипломат на Вашингтон во регионот погоден од осуммесечна војна.

На регионалната турнеја на државниот секретар Антони Блинкен и претходеше натамошно бомбардирање на Газа од страна на израелските сили, при што очевидци пријавија напади во текот на ноќта во центарот на појасот и пукање од хеликоптер врз разурнатиот град Газа.

Во меѓувреме, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се соочи со несогласување во државата, при што членот на воениот кабинет Бени Ганц поднесе оставка во неделата поради раководењето со војната од страна на премиерот, јавува Ен – Би – Си.

Вашингтон се обиде да го приближи прекинот на огнот со поднесување нацрт-резолуција во ОН, повикувајќи на „итен прекин на огнот со ослободување на заложниците“ меѓу Израел и милитантната група Хамас.

САД беа широко критикувани за блокирање на неколку претходни нацрт-резолуции на ОН кои повикуваат на прекин на борбите.

Новиот притисок за договор од страна на претседателот Џо Бајден на 31 мај, одвоен од ОН, досега не даде опипливи резултати, додека дополнителни сомнежи беа фрлени за примирје од нападот на израелските специјални сили за ослободување на заложниците во кој загинаа голем број Палестинци во саботата.

Израелската војска соопшти дека тимот за извлекување и четворицата спасени заробеници биле под силен оган од милитантите, кои убиле еден полицаец, додека израелските сили започнале напади кои ги претвориле околните згради во урнатини.

Министерството за здравство на територијата управувана од Хамас соопшти дека 274 луѓе биле убиени и 698 ранети, во, како што го нарече „масакрот во Нусеират“. Меѓу нив има најмалку 64 деца, 57 жени и 37 постари лица, соопшти Министерството.

Се зголемува притисокот поради неуспехот на Нетанјаху да ги врати преостанатите заложници, а заминувањето на Ганц од воениот кабинет означи голем политички удар.Одлуката на Ганц, која нема да ја урне десничарската влада, доаѓа откако тој му постави ултиматум на Нетанјаху да го претстави повоениот план за Газа до 8 јуни.

Одговарајќи на првиот голем политички удар за него за време на конфликтот, Нетанјаху му рече на Ганц дека „не е време да се откаже од битката“.

Четворицата ослободени заложници се меѓу само седумте што израелските сили успеаја да ги спасат живи откако палестинските милитанти киднапираа 251 во нивниот напад на 7 октомври.

Десетици беа разменети во ноемвриското примирје за палестинските затвореници. По операцијата за спасување во саботата, 116 заложници остануваат во Газа, иако армијата соопшти дека 41 од нив се мртви.

Највисокиот израелски дипломат ги отфрли обвинувањата „за воени злосторства“ во операцијата.

„Ќе продолжиме да дејствуваме со решителност и сила, во согласност со нашето право на самоодбрана, додека не бидат ослободени сите заложници и Хамас не биде поразен“, рече министерот за надворешни работи Израел Кац.

Шефот за надворешна политика на Европската унија, Жозеп Борел, го поздрави ослободувањето на заложниците и рече дека извештаите „за уште еден масакр на цивили се ужасни… крвопролевањето мора веднаш да прекине“.

Блинкен треба да ги посети Египет, Израел, Јордан и Катар за време на неговата осма регионална турнеја по избувнувањето на конфликтот.

„Единственото нешто што стои на патот за постигнување на овој прекин на огнот е Хамас. Време е тие да го прифатат договорот“, рече тој во саботата.

Хамас инсистираше на трајно примирје и целосно повлекување на Израел од сите делови на Газа – барања што Израел категорично ги отфрли.

Најкрвавата војна досега во Газа избувна по нападот на 7 октомври врз јужен Израел кој резултираше со смрт на 1.194 луѓе, главно цивили.

Во израелската одмаздничка воена офанзива загинаа најмалку 37.084 луѓе во Газа, исто така главно цивили, според Министерството за здравство на палестинската територија.

Конфликтот предизвика широко распространето уништување во Газа и раселени повеќето од нејзините 2,4 милиони жители, од кои многумина се на работ на глад.

Помошта пристигнува само спорадично со камиони, авиони и преку море.

Американската војска соопшти дека привременото пристаниште кое претрпе оштетувања од невремето кон крајот на минатиот месец, е обновено и искористено во саботата за испорака на околу 492 тони „многу потребна хуманитарна помош“.

Извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Tags: БлинкенГазаИзраелОНПалестина
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    184 shares
    Share 74 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    129 shares
    Share 52 Tweet 32
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    124 shares
    Share 50 Tweet 31
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    120 shares
    Share 48 Tweet 30
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ