• Latest

Бочварски: Oпштина Центар треба да одлучи дали ќе се гради објектот спроти „Холидеј ин“

April 24, 2021
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Бочварски: Oпштина Центар треба да одлучи дали ќе се гради објектот спроти „Холидеј ин“

April 24, 2021 07:35
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Oпштина Центар на чија територија се наоѓа парцелата пред хотелот „Холидеј ин“ треба да одлучи за Деталниот урбанистички план и дали на таа локација треба да се гради или не, изјави синоќа министерот за транспорт и врски Благој Бочварски во интервју на „360 степени“ на телевизија Алсат-М.

Според него, Општина Центар и градоначалникот Саша Богдановиќ може да побараат суспензија на Деталниот урбанистички план, кој ја вклучува и парцелата спроти хотелот „Холидеј ин“, на тој начин што ќе достават елаборат за сузпензија до Минстерството за транспорт и врски, по кој ќе решаваат експертска комисија, без влијание на политиката.

– Секако, мојот став генерално е дека урбанизацијата треба да продолжи во согласност со потребите, изјави Бочварски.

Тој нагалси дека тоа што не е донесен новиот тарифник за дефинирање на цените по метар квадратен не е пречка за неспроведување на постапката за суспензија.

– Тој тарифник воопшто нема врска со суспензијата, затоа што суспензија на планови може да се тера како постапка и тоа воопшто не е спорно и е предвидено и во новиот Закон. Додека не биде донесен тарифникот, односно додека не бидат донесени подзаконските акти од новиот Закон, важат актите од претходниот Закон. Така што, општините и во овој момент можат да распишуваат постапки по претходниот Закон за урбанистичко планирање, додаде Бочварски.

Говорејќи за новиот Закон за легализација на бесправно изградени објекти, Бочварски нагласи дека тој ќе предвидува и високи казни со што би се одвратиле граѓаните да градат дивоградби.

– Првиот аспект се казнените пенали, а вториот аспект е урбанизацијата и новиот Закон за урбанистичко планирање којшто ќе даде можност за урбанизирање на средините и поголема капацитетност на општините да можат брзо да носат урбанистички планови, а притоа да ги одвраќаме луѓето да влегуваат во вакви постапки на бесправно изградени објекти. И третиот и за мене најважен аспект е билдањето на капацитетите на инспекциските служби. Тоа го започна оваа Влада преку покачување на платите перманентно во неколку години на градежните инспектори, така што, многу важно е да ги зајакнеме инспекциските служби. Но, факт е дека такви објекти постојат и треба да ги решава оваа држава. Дали ќе ги решава или ќе ги става по тепих тие на крајот од денот ќе станат голем проблем, додаде Бочварски.

Според него, кога еден објект ќе се стави во правна рамка, општината ќе може да наплати повеќе средства, со цел да може да ги решава и инфраструктурните прашања.

Тој потенцира дека еден од целите на новиот закон за легализација на дивоградбите ќе биде и решавање на статусот на општински или државни објекти кои во минатото, иако биле изградени според редовни постапки, не биле впишани како постоечки.

Запрашан за меморандумот што Владата го потпиша со американско-турскиот конзорциум „Бехтел-Енка“ за изградба на коридорите 8 и 10, министерот за транспорт и врски нагласи дека тој документ не е обврзувачки, ветувајќи дека целата постапка на склучување на договорот ќе биде транспарентна. Тој нагласи дека Владата не го крие меморандумот со „Бехтел-Енка“ и секој што сака може да го види.

– Ние сме транзитна земја на коридорот 8 и коридорот 10 коишто се вкрстуваат и не сакаме како Влада да се доведеме во ситуација тие коридори при некои идни поместувања да бидат на некоја друга траса и ние да бидеме заобиколени и да останеме слепо црево. Апсолутно имаме право како Влада да размислуваме на сите можни начини за изградба на патишта, истакна Бочварски.

Тој  нагласи дека Министерството за финансии ќе го има главниот збор за тоа како и на кој начин ќе се изврши финансирањето на овие патишта и дека ќе бидат вклучени стручни тимови и меѓународни консултантски компании со цел да се креира закон, а потоа и договор, по што двата документи ќе бидат доставени на усвојување во Собранието.

– Овде ќе бидат вклучени многу институции, експерти, стручни луѓе, консутантски компании, реномирани меѓународни компании кои ќе работат на креирање на закон, а потоа и на договор и тие два документи ќе завршат во Собранието каде повторно ќе бидат отворени пред пратениците, опозицијата и ќе се разговара со сите страни. Досега склучивме само меморандум кој е необврзувачки, но ќе се обидеме да креираме модел кој ќе биде побрз и поефикасен, рече министерот за транспорт и врски Бочварски во интервјуто за „360 степени“ на Алсат-М.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ