• Latest

Бочварски: Случајот со надзорот на автопатите е целосно комплетен пред институциите

March 9, 2023
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Партизација, корупција и сиромаштија – Граѓаните револтирани по пораката дека реформите се завршени

May 28, 2026

Школската година завршува, а децата што научија?

May 28, 2026

Сирените на „братството и единството“

May 28, 2026

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Спортот не е платформа за пропаганда на убиства

May 27, 2026

Уставните измени, „бугарското прашање“ и европскиот пат: Како да се води рационална дебата без страв и манипулации

May 27, 2026
Илустрација: ВИ

РЕАКЦИИ: Од повици за компромис до обвинувања за „бугарска уцена“ – граѓаните поделени за ставовите на Мицкоски и Филипче околу Бугарија

May 27, 2026

ЦИВИЛ одговори на критиките за „бугарското прашање“: Јавната дебата не смее да се затвора во националистички рамки

May 27, 2026
Илустрација: ВИ

Њујорк Тајмс: Заканите за Гренланд ја отворија дебатата за влез на Исланд во ЕУ

May 27, 2026

Нешто, сепак, се движи во МПЦ: Заминувањето на владиката Петар од сцената

May 27, 2026

Нови американски воени напади врз Иран го прекинаа кревкото примирје: Ескалација во Ормускиот теснец и економски шокови

May 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бочварски: Случајот со надзорот на автопатите е целосно комплетен пред институциите

March 9, 2023 22:14
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Нема негативна референца за компаниите кои ќе го вршат надзорот на автопатите што треба да се градат. Овој случај е целосно комплетен пред институциите, но секој кој има потреба од дополнителни информации, може да се обрати до Јавното претпријатие за државни патишта, изјави вечерва министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

„Она што не информираше Јавното претпријатие за државни патишта е дека нема негативна референца за овие компании, пред се за ИРД, Ептиса и останатите компании. Второ, лиценците што мора да ги имаат за да настапат на јавната набавка, ги имале обезбедено. И од тој аспект, Комисијата ја утврдила документацијата како целосно доставена. Имало и управна контрола која уште еднаш го прегледала целиот предмет и дала согласност дека е согласно Законот за јавни набавки. И сметам дека овој случај е комплетиран пред институциите, но секој кој има потреба од дополнителни информации, ЈП за државни патишта може да информира“, рече Бочварски за централниот дневник на телевизија „Сител“.

Изградбата на автопатските делници ќе чини 1,3 милјарди евра, но, како што посочи Бочварски, дополнително ќе се плати проектирањето и експропријацијата. Не верува дека целиот проект ќе надмине две милјарди евра.

Предноста на овој проект, според Бочварски, е тоа што Јавното претпријатие за државни патишта цело време во текот на договорот ќе биде инструментот којшто ќе одобрува одредени проектни и технички решенија на трасата.

„Инженерите на ЈП за државни патишта, тимот кој ќе работи ќе го менаџира целиот порцес на градба. Ова е предноста за разлика од претходните решенија затоа што кога почнувавме одреден инфраструктурен проект, а проектната документација беше стара 10-тина години, на терен се појавуваа нови непредвидени состојби коишто изведувачот ги немаше предвидено и тогаш настануваше застој. Тоа го имавме и со автопатот Кичево-Оохрид каде во неколку наврати правевме репроектирање за да за да продолжи да се работи на терен“, посочи Бочварски.

Со изградбата на овие автопатски делници, Бочварски очекува дека ќе се затворат паневропските коридори, а бенефит ќе имаат и домашните градежни компании и економијата во целина.

Tags: автопатБочварски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ