Пишува: Џабир Дерала
На невладините фолиранти, уредници и тинк-тенк мудријаши не им беше доволно дури ни тоа што Христијан Мицкоски, до пред две години, беше посочен како извор на дезинформации во извештаи во издание на европските институции (Европскиот парламент, на пример). Што да кажеме за извештаите на ЦИВИЛ и моите анализи – тие беа оцрнувани и дискредитирани од „објективните професионалци“ кои шушкаа(т) зад мој грб по приеми и коктели.
Гмечење на државата
(целосна анализа)
Наративот за дискредитација на поддржувачите на евроатлантските интеграции се градеше на редовните средби со богато мезе со Олег Шчербак, а потоа со Сергеј Баздникин, руските амбасадори во Скопје. Една од целите, секако, беше да се создаде димна завеса околу руските операции.
Така, на пример, медиумите и граѓанските организации се фрлија на микроскопска вивисекција на т.н. Француски договор, а „не можеа“ да ги видат насилните демонстрации пред и разбојничкото однесување внатре во парламентот во присуство на претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен. Пардон, некои и отворено се приклучија кон протестите. И никој не зборуваше за руската сенка врз протестите против Европската рамка за преговори (Француски предлог) за која антизападните радикали изнесоа и гилотина пред парламентот.
Напротив.
Шефови на тинк тенк организации нескриено се координираа со македонски политичари со руско подаништво по кафулиња, како што прикажува една фотографија од „Матиник“ во Лептокарија, дел од мојата – инаку прилично обемна – архива за руските врски.
Прочитајте ја целата анализа: Гмечење на државата
© Xhabir Deralla, 2026. Licensed under Creative Commons Attribution 4.0 International (CC BY 4.0).












































