Пратеникот на Левица, Димитар Апасиев, шири лажна вест дека Собранието го изгласа Законот за државјанство – по скратена постапка, пишува Павле Богоевски на Фејсбук.
„Лажна вест! Овој Закон вчера не е усвоен од Собранието. Вчера Собранието одлучи да расправа по предлог Законот за измени и дополнувања на Законот за државјанство во скратена постапка.
Предлогот да се расправа по скратена постапка го поднесуваат пратениците кои го поднесуваат и самиот предлог Закон. Тоа значи дека наместо три, ќе има две читања на текстот и дека комисиските расправи може, но не мора да се одржат во истиот ден. Вчера немаше комисиска расправа по овој текст.
Тоа не значи дека законот е усвоен, ниту дека ќе биде усвоен. Ниту пак дека доколку биде биде усвоен, ќе биде усвоен во формата во која е поднесен.
п.с. Не мора да укажувам на очигледно националистичката поента на објавата. Ниту на повторното елементарно незнаење на профата со 10,00“, пишува Богоевски.
На лажната вест на Апасиев дека „70.000 Косовари ќе станат државјани на Македонија“, се приклучија и дел од членовите и симпатизери на партијата кои ја надополнуваат манипулацијата дека почна федерализација и кантонизација. Додека коментарот на Васка Маневска „За пречек ли им е ова?“, содржи и елементи на говор на омраза со тоа што објави линк од Владата дека ќе се купат лубриканти и кондоми.
Лажните вести и манипулации се закана и единствено бараат зголемена претпазливост. Лажните вести го напаѓаат општествениот систем.
Д. М.