• Latest

Богоевски: ВМРО – ДПМНЕ нема челична контрола над своите пратеници

October 16, 2018
Илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА

Дипломатијата, пропагандата и цената на лажните еквиваленции: Кијив – Белград – Приштина – Москва

August 19, 2026
Photos: NCRO and IMC

Светски ден на хуманитарноста: Повик на ОН за акција и одговорност

August 19, 2026
Photo: UNOCHA

Светски ден на хуманитарноста: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
Од снимката што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци предизвика ново политичко препукување: СДСМ бара истрага за корупција, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за лажни вести

August 18, 2026

Орбановиот медиумски блицкриг: Како „Алпак капитал“ преку ноќ ги проголта независните медиуми во Србија

August 18, 2026
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Богоевски: ВМРО – ДПМНЕ нема челична контрола над своите пратеници

October 16, 2018 14:03
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во екот на случувањата во Собранието каде вчера започна дебатата за Предлог промени во Уставот на Република Македонија, со Павле Богоевски, независен пратеник, освен за вчерашната изјава на премиерот Зоран Заев, разговаравме и за очекувањата од дебатата и гласањето коешто следи.  

„Ситуацијата во Собранието до самото гласање ќе биде многу неизвесна. За мене е голем успех што опозицијата присуствува на самата седница на која се расправа по предлогот на Владата и фактот дека се јавија за збор. Кога знаат дека нешто не може да помине едноставно не учествуваат во тоа за работата да се заврши побргу. Ова ми дава за право да верувам дека дури ниту партиското раководство на ВМРО-ДПМНЕ нема таква челична контрола врз сите свои пратеници како што се обидуваат да се претстават во јавноста“, изјави Богоевски.

Со оглед на вчерашната изјава на Илија Димовски дека опозицијата не отстапува од ставот дека треба да послуша гласот на народот, што подразбира дека народот одлучил да не излезе на референдум, го прашавме Богоевски дали тоа подразбира дека ќе нема двотретинско мнозинство.

„Проблематична ми е изјавата во која Илија Димовски или на целото ВМРО-ДПМНЕ или опозиција без разлика дали е парламентарна или не, си ги припишуваат на своето конто сите неизлезени гласачи. Во демократијата тоа не функционира. Ставот за или против за одреден документ во случајот Договорот од Преспа се мери на самиот референдум. Односно, можеме да кажеме дека против се оние што излегле и гласале против. Не можеме да кажеме дека сите тие што не излегле или останале дома или што се иселени од државата и сè уште имаат право на глас, дека сите се против. Но колку гласови беа „за“, а колку „против“, беше една успешна консултација за тоа каде граѓаните сакаат да се движи нивната држава“, рече Богоевски.

Богевски се огради од коментирање на прашањето за притисоците врз пратениците на ВМРО-ДПМНЕ како да гласаат и како ќе влијае на понатамошниот развој на состојбата во Собранието.

„До мене стигнаа информации дека дел од пратениците на опозицијата се под притисок да гласаат на еден или друг начин. Тие информации што стигнаа до мене се непроверени што значи дека не можам да ги презентирам како вистинити. Но, сакам да верувам дека поединечни колеги од опозицијата доколку се најдат под притисок или почувствуваат дека безбедноста им е загрозена дека истото тоа ќе го искоментира со Министерството за внатрешни работи. Верувам дека како што обезбеди МВР безбедност за нас кога се гласаше за законот за јазиците и во случајот со опозицијата ќе обезбеди безбедност“, изјави Богоевски.

„Секогаш кога ќе се отвори некое прашање кое е надвор од изборна програма, ако јас имам несогласувања со начинот на кој се решава тоа прашање го комуницирам внатре во коалицијата. Доколку тоа несогласување биде толку големо и не може да се реши внатре во коалицијата со кое не се согласувам, верувам дека тоа прашање ќе го изнесам и надвор во јавноста, ќе побарам поддршка. Факт е дека ќе ме поистоветуваат, тоа се очекуваше уште на самиот почеток, но јас верувам дека моите постапки дали сум се приклонил или не, но да не повторувам јас сум дел од коалицијата. Не може политички ставови да се изедначуваат и да бидат презентирани кон целосно приклонување кон одредена политичка партија. Да јас, коалицијата и СДСМ ги делиме истите политички вредности, ама во тоа и како имаме несогласувања за поединечни прашања за тоа како да се реализираат тие вредности“, беше објаснувањето на Павле Богоевски за неговото поистоветување со каузата на СДСМ.

За крај со Павле Богоевски зборувавме за тоа колку граѓанските активисти се снајдоа во новата улога на пратеници и советници во составот на новата Влада.

„Не ми беше лесно и сè уште не ми е лесно. Дури не ми е лесно целосно во овој момент да ја владеам новата улога од проста причина што да се биде пратеник или советник е занает сам по себе… Верувам дека најголем дел од тие што одлучија институционално да ја продолжат борбата останаа со чисто срце и посветени на каузата“, рече Богоевски.

Биљана Јордановска

Камера: Атанас Петровски

Tags: интервјуПавле Богоевскиуставни промени
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ