• Latest

Богојески: И овие избори покажаа дека многу тешко се доаѓа до една разумна европска опозиција

October 6, 2020
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Богојески: И овие избори покажаа дека многу тешко се доаѓа до една разумна европска опозиција

October 6, 2020 10:41
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ Медиа разговараше со Петар Богојески од Македонски концепт за неговите  гледања на внатрешните и надворешните фактори и политики кои  и помагаат и одмагаат во ЕУ интеграцијата, политичката констелација по изборите и евентуалните решенија  за решавање на неколку прашања во опозицискиот ред, и односите со Бугарија.

ЦИВИЛ Медиа: Кои се вашите оценки за политичките состојби и процеси по предвремените парламентарни избори што се случија во време на пандемија?

Богојески: Генерално, сите ги анализираат изборите од свој аспект, многу е поубаво да се зборува за изборите  кога не си директен учесник, а бидејќи јас, нашиот тим, целата екипа на Македонски концепт бевме директни учесници на изборите, што се каже, може да биде пристрасно или во наш интерес. По изборите, најважно е она што е главна цел за нашата земја, а тоа е интеграцијата во ЕУ. И сите анализи и сите идни активности, ги насочуваме токму кон таа цел. Сега сме дел од НАТО, треба да бидеме полноправна членка во ЕУ. На тој пат гледам многу пријатели, и домашни и надворешни фактори кои помагаат во таа насока, но исто така и многу противници , или политики кои не одат во полза на таа цел. И внатрешни, и надворешни. Оние кои се внатрешно најпроблематични, а тоа е појавата на еден нов, неразумен етнонационализам, кој пред се го манифестираат ДУИ, и оној чуден натпревар помеѓу – условно кажано, албанските или лидерите на македонските Албанци односно на политичките партии кои носат етнички предзнак, и кои се натпреваруваат кој да испрати поголема националистичка порака, и со тоа да добие гласови кај етничките Албанци. Особено епохалната глупост на промоција на директна дискриминација по етничка основа, а тоа е делење пари од буџетот на републиката по етничка основа, или наметнување на приватниот сектор, кој јазик ќе го користи во својата компанија или не. И тоа е дел од владините политиките кои одат спротивно од европската агенда.

Тука секако не смее да се изостави и опозицијата, која како постојано да си пука во глава, и работи против себе. И за жал, и овие избори покажаа дека многу тешко се доаѓа до една разумна европска опозиција. Изборниот резултат ја потврди ВМРО –ДПМНЕ како нужен и неопходен фактор во насока на промена во опозицијата, сепак граѓаните изгласаа на тој начин…Нам ни дадоа 1% од довербата која им ја дадоа на ВМРО-ДПМНЕ, зборувам за граѓанските листи на кои настапивме под брендот Македонски концепт. На тој начин, сето она што значи антиевропски, проруски, па и болшевички политики на ВМРО –ДПМНЕ, директно се спротивни на она што значи европска интеграција на земјата.

Што се однесува до надворешните фактори што и помагаат и се пријателски настроени кон нас, Богојески ја посочува Република Грција и нивната поддршка за нашата интеграција во ЕУ, а Бугарија ја смета за еден од непријателите на земјава, по меморандумот од Софија испратен до земјитеч ленки на ЕУ, со што смета дека Бугарија еднострано го раскина добрососедскиот договор помеѓу двете земји.

– Во надворешните фактори ние добивме  еден нов пријател, Грција, чиј национален интерес е да ја поддржува Македонија да влезе во ЕУ, и да ја зачуваме македонската посебност на Балканот, особено македонскиот словенски ентитет, како различен од другите балкански ентитети, меѓутоа добивме старо-нов, сега веќе слободно можам да кажам, непријател, за жал, а тоа е Република Бугарија, чиј договор за пријателство и добрососедство ние го поддржавме уште на самиот ден кога се потпишуваше, јас го нарекувам Илинденски договор, и тој договор, како и сите оние случувања во 2017, 2018 година беа благопријатни за европеизација на целиот Балкан. Слободно можам да кажам дека македонско-бугарските односи се заложник на интересите на мафијата. Тие во Бугарија поттикнаа да се родат нови ветришта на недоверба и непријателство кон Македонија, и го воскреснаа оној болшевизам или заборавен живковизам во Бугарија, вели Богојески.

Во однос на промените во општествено-политичката сфера во земјава, Богојески порачува дека до промени може да се дојде со гласање на избори  од страна на граѓаните, и дека нискиот процент на излезност од граѓаните што не се политички определени или не се свесни за промените што можат да ги донесат, придонесе за враќање на истите политички субјекти и им ги засили позициите и моќта. Тој смета дека општеството во земјава не живее во вистинска демократија, туку во контролирана, а тоа го образложува со начинот на кој се објавуваа резултатите од изборите.

Богојески  посочува на  неразумноста на ВМРО-ДПМНЕ  и  непреземање одговорност од Христијан Мицкоски  за лошиот изворен резултат, киднапираноста на ВМРО-ДПМНЕ од тој советски блок како директни дестабилизатори и  пречки на патот кон ЕУ интеграциите.

-Големите партии се договорија, го суспендираа системот, и по три дена ги објавија договорените резултати, онака како што им одговараа. Дестабилизирачкиот фактор е директна последица од внатрешниот етнонационализам. ВМРО –ДПМНЕ е огромен конгломерат, тоа е партија која Груевски ја остави со 4 илјади гласови а со 147 илјади членови. Сега е падната на под 50 илјади членови, што значи на 30%. Но и во тие триесет проценти сигурно има добри и квалитетни луѓе кои можат да донесат сериозни промени и да придонесат кон нормализирање на политичката сцена, прво во државата, да добие кредибилна и квалитетна критика кон владата. Тоа што значеше реформирање на ВМРО-ДПМНЕ, за жал, заврши само со промена на Никола Груевски, но не и со суштинско завршување на процесите. Сега веќе е доцна за тоа, и јас најдобронамерно, и најискрено, сугерирам за нов процес , а тоа е редефинирање на ВМРО-ДПМНЕ, од едно движење кое е тотален неред во партијата што го остави Груевски, во една унија која ќе ги опфати во себе сите елементи. И прозападните, напредни елементи во партијата, и оние, би го нарекол – изгубени душички, русофили или болшевици, занесени во некаков пан-словенизам или некое православно единство кое е секогаш погубно по нас Македонците, и една група антиквизирани Македонци, кои се полни со негативна енергија, вели Богојески меѓу другото.

Дијана Тахири

камера: Атанас Петровски

монтажа: Ариан Мехмети

 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ