• Latest

Богов: Седум години на стабилен курс на денарот и стабилен банкарски систем

May 22, 2018
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Богов: Седум години на стабилен курс на денарот и стабилен банкарски систем

May 22, 2018 13:06
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Стабилен курс на денарот и стабилен банкарски систем, што бележеше раст и развој, и ниска каматна стапка, што достигна историски најниско ниво.

Ваква оценка даде денеска Димитар Богов за својот седумгодишен мандат на гувернер на Народната банка на Република Македонија, кој истече вчера.

Тој функцијата денеска и ја предаде на новоизбраната гувернерка Анита Ангеловска-Бежоска.

– Во периодот 2011-2017 година просечната стапка на инфлација во Македонија изнесуваше 1,5 проценти, а во еврозоната 1,2 проценти,  Девизниот курс на денарот во однос на еврото беше одржан на стабилно ниво, а  покрај оние редовни турбуленции имавме и два силни шока, едниот беше грчката должничка криза, а другиот домашната политичка криза што кулминираше со шпекулативниот напад на девизниот курс и стабилноста на банките, рече Богов на прес-конференцијата пред да ја предаде функцијата на новата гувернерка.

Оцени дека денарот воопшто не изгуби од конкурентноста во однос на еврото, односно, како што рече, немавме во овој период некоја апрецијација на денарот, токму поради тоа што инфлацијата се одржуваше на слично ниво како и во еврозоната.

За состојбата во финансискиот систем рече дека беше одржана стабилност и дека банкарскиот сектор успешно се развиваше и растеше во овој период.

– За седум години беше остварен раст на вкупната актива на банките, депозитите и кредитите од околу 50 проценти. Во просек годишниот раст на кредитите изнесуваше околу седум проценти. Депозитите имаа вкупен раст од 55 проценти, рече Богов.

Тој додаде дека кредитиниот ризик значително е намален во овој период и процентот на лоши кредити од учество од 9,5 проценти во мај 2011 година во април годинава се намалени на 5,2 проценти.

Забележано е и зголемување на профитабилноста на банките од 2010 до 2017 година. Како што рече на крајто на 2010 година повратот на капитал изнесуваше седум проценти, а се очекува на крајот на годината да изнесува 20 проценти, што според Богов веројатно е највисоко ниво во целиот регион на ЈИЕ.

Богов потенцира дека преку одржување на стабилноста на денарот и банкарскиот сектор направена е до некаде и поддршка на македонската економија.

– Каматната стапка се спушти на три проценти на историски најниско ниво. Секогаш може да се дискутира и дебатира дали можеше и пониско и можеше, но доколку немавме политичка криза и доколку фискалните политики беа малку подисциплинирани, рече Богов.

Богов додаде дека просечниот економски раст во изминатите години е 2,2 проценти и повисок од просекот на ЕУ каде изнесува 1,3 проценти и истакна дека тој ќе беше посилен ако немавме забавување во последните две години поради политичката криза.

Одговорајќи на новинарско прашање што бил најлошиот момент во неговиот мандат како гувернер рече дека најверојатно кулминацијата на политичката криза и шпекулативниот напад врз банкарскиот систем.

(МИА)

Tags: Боговпрес конференција
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ