• Latest
Фото: Сектор за односи со јавност и протокол /
Министерство за внатрешни работи

Бојмацалиев: Недозволиво е полицијата наместо да ги штити граѓаните, да штити одредени криминални структури

February 22, 2024

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Бојмацалиев: Недозволиво е полицијата наместо да ги штити граѓаните, да штити одредени криминални структури

February 22, 2024 08:49
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: Сектор за односи со јавност и протокол /
Министерство за внатрешни работи

Фото: Сектор за односи со јавност и протокол / Министерство за внатрешни работи

Share on FacebookShare on Twitter

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев во интервју за ТВ 21, одговарајќи на прашањето околу истрагата за инцидентот пред ноќниот клуб во центарот на Скопје, кога полициски службеници беа спречени да ја вршат својата работа од нивни колега, рече дека во неделата наутро се случи немил настан за прв пат во поновата македонска историја, висок полициски службеник кој извршувал и високи полициски функции во МВР порано, да спречи колеги да извршат службени дејствија, конкретно за акција против дрога.

„Против лицето е поднесена кривична пријава по член 383 и лицето е суспендирано и понатаму ќе одлучуваат другите органи со каква мерка ќе се соочи тоа лице. Во истрагата која ја водеше внатрешната контрола и службените белешки кои ги направија луѓето на самиот настан е утрвдено дека уште двајца колеги одбиле да постапуваат по наредба.

Според Бојмацалиев недозволиво е во 21 век полицијата наместо да ги штити граѓаните, да штити одредени криминални структури.

Се работи за двајца колеги од ЕИП кои не сакале да го приведат лицето кое ги нападнало колегите и за тие лица веќе ќе започне дисциплинска постапка по сумирање на сите детали од внатрешната контрола. Вчера како што знаете се појави снимката во јавност по одредени медиуми и голем број на загрижени граѓани ми праќаа пораки, меѓу кои што препознаа уште едно лице кое е во друштво на лицето кое веќе има кривична пријава и се утврди дека тоа лице е исто вработено во МВР и е припадник на ЕБР. По согледување на овие информации кои ги добив од загрижени граѓани и проверка во службите дали навистина се работи за тоа лице, ја известивме внатрешната контрола и очекувам дека во текот на денот ќе го повика лицето на разговор да даде свое објаснување во кое својство бил таму, зошто ги буткал колегите и ги спречил во извршувањето на службени дејствија. Да сумираме, имаме против едно лице поднесено кривична пријава, кај двајца е утврдено дека не постапиле и сега имаме и трето лице. Ги повикувам сите граѓани кои ги погледнале снимки кои излегоа во медиумите, доколку препознаат и друго лице вработено во МВР кое постапувало спротивно на законот да не информираат и веднаш внатрешната контрола да ги преземе сите правни дејствија. Недозволиво е во 21 век полицијата наместо да ги штити граѓаните, да штити одредени криминални структури. За мене тоа е недозволиво и неприфатливо, мислам дека ова е сериозен преседан.

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи вели дека нема да дозволи вакви излолирани случаи да го спуштат рејтингот или угледот на македонската полиција кој за жал во 2015 година беше на многу ниско ниво, а до 2023 година успеавме да го дигнеме до над 60% и сме една од топ трите институции која ја перцепираат граѓаните како блиска до граѓаните

Мнозинството на граѓани и на вработени во македонската полиција сме на вистинската страна и нема да дозволиме вакви излолирани случаи да го спуштат рејтингот или угледот на македонската полиција кој за жал во 2015 година беше на многу ниско ниво, а до 2023 година успеавме да го дигнеме до над 60% и сме една од топ трите институции која ја перцепираат граѓаните како блиска до граѓаните “, истакна Бојмацалиев.

Tags: БојмацалиевМВРМицкоскиОбезбедување
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ