• Latest

Бомгартнер ќе ги претстави приоритетите на француското претседателство, премиера на документарниот филм за Бајруш Мјаку, Русија не ја разбира пораката на Европа

January 14, 2022

Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

July 1, 2025

24 ЧАСА: Лидерски самит ЕУ-Западен Балкан во Скопје; Трамп му порача на Маск да ја затвори продавницата и да се врати дома во Јужна Африка; национализмот ја надвладеа борбата против корупцијата во Србија; растат тензиите меѓу Баку и Москва 

July 1, 2025

Шекеринска: Време е да инвестираме во мирот и стабилноста

July 1, 2025

СДСМ алармира – нема лекови на Онкологија, Клековски смирува: Скапата биолошка терапија ја има на Онкологија, за двата генерички лека што ги немаат дистрибутерите, има соодветна замена

July 1, 2025

Од Голема блокада до Голема Србија

July 1, 2025
Антивладини протести, Белград, 28 јуни 2025 (фото извор: видео во живо, ТВ Информер)

РЕАКЦИИ: Поддршка за студентите во блокада – време е Вучиќ да падне

July 1, 2025
Фотомонтажа; Скриншот од Влада на РСМ

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на владата во текот на првата година?

July 1, 2025

За Кос членството во ЕУ е најдобар начин да се заштити идентитетот, културата и јазикот на Македонците, Мицкоски очекува секаков инженеринг во ЕП

July 1, 2025
Фото: Скринчот од вифро на каналот Астра на Х

Украински дронови „со хируршка прецизност“ нападнаа руска фабрика на 1.300 км оддалеченост, на Крим уништени скапи руски системи за воздушна одбрана 

July 1, 2025

Самит на ЕУ и Западен Балкан: Седумдесет и пет отсто од договорените реформи со земјите од региoнот се или имплементирани или се во тек

July 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Бомгартнер ќе ги претстави приоритетите на француското претседателство, премиера на документарниот филм за Бајруш Мјаку, Русија не ја разбира пораката на Европа

January 14, 2022 09:27
in ВЕСТИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

УТРИНСКИ КОЛУМНИ 

Се очекуваше дека руските претставници во Виена подобро ќе ја разберат загриженоста на членките на ОБСЕ за безбедност и мир во Европа. Бидејќи, сепак, ОБСЕ не е само платформа за соработка на 57-те држави членки, туку и за заедничка приврзаност и одлука на државите членки да градат мир во Европа и иднина без конфликти и војни.

„Сакаме да посветиме поголемо внимание на безбедноста на просторот на ОБСЕ и даваме можност на секоја страна да ги изнесе своите ставови,“ изјави Рау, нагласувајќи дека е неопходно сите страни да се фокусираат на мирно разрешување на конфликтот со почитување на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина во рамките на меѓународно признати граници.

Полска, како претседавач на ОБСЕ ќе се фокусира на зачувување на мир во регионот од Ванкувер до Владивосток.

Генерална оценка и по третата рунда на разговори е дека воената реторика на Русија и натрупување на повеќе од 100.000 војници во близина на украинската граница,  претставува притисок на САД и европските сојузници да ги прифатат условите и желбите на Кремљ, , анализа на Александар Николиќ Писарев во колумната„Русија не ја разбира пораката на Европа“

Галевски, Писарев, Биљали и Дерала, дел од гостите во денешното издание на „Утрински брифинг“ со Орданоски

Во денешното издание на „Утрински брифинг“ со Сашо Орданоски, како и секогаш повеќе од десет гости ќе говорат на најактуелните теми во земјава и во светот. Меѓу првите гости беше филмскиот критичар Влатко Галевски. На тема украинско-руска криза, во тек е гостувањето на истражувачкиот новинар Александар Н. Писарев од ЦивилМедиа. Следи гостувањето на проф. Мерсел Биљали, а на програмата е предвиден и Џабир Дерала од ЦИВИЛ, по повод најновиот извештај на Хјуман Рајтс Воч 2022.

Нова рубрика „Брза пошта“ – Вашите мисли и опсервации, жолти и црвени картони, кратки белешки и пораки, отсега во брза пошта. Останете гласни! 

Цивилмедиа.мк воведува нова рубрика – „Брза пошта“, каде што авторките и авторите можат да ги овековечат своите мисли, белешки и пораки. Во трката со времето, често се нема време за пишување долги и елаборирани коментари и анализи, а потребна е брза реакција. Затоа, Редакцијата одлучи да отвори таков простор кој може да послужи и како своевидна комуникациска алатка, размена на мисли и пораки, но и вовед во пошироки анализи и мислења.

НАСТАНИ

ПРОГРАМА: Програмата и приоритетите на француското претседателство со Советот на Европската Унија денеска на прес-конфереција ќе ги претстави францускиот амбасадор во земјава Сирил Бомгартнер. Амбасадорот Бомгартнер вчера ги презентираше приоритетите на француското претседателство пред членовите на Националниот совет за евроинтеграции во Собранието.

– Зајакнување на европската сила и моќ, заштита од безбедносните, но и секаков друг вид предизвци со кои се соочува ЕУ, заштита на здравјето на граѓаните, економската обнова, но и активности за зајакнување на чувството на припадност се дел од приоритетите за време на француското претседателство со Советот на Европската Унија за период јануари-јуни 2022 година, најави Бомгартнер.

ПРЕС: Прес – конференција на министерот за правда Бојан Маричиќ во Министерство за правда. Настанот ќе биде организиран според здравствените протоколи ( носење на заштитна маска и потврда за вакцинација).

ПРЕЗЕНТАЦИЈА: Дирекцијата за технолошко-индустриски и развојни зони денеска ќе ја презентира анализата за економските движења во индустриските зони во 2021 година. На прес-конференцијата, што ќе се одржи во медиа центарот во Владата, ќе се обрати директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Јован Деспотовски, кој ќе се осврне на постигнатите резултати по воведувањето на новиот концепт за привлекување инвестиции. 

ПРЕМИЕРА: Премиера на долгометражниот документарен филм „101 улога, 102 живота, Бајруш Мјаку“, по сценарио на Решат Камбери, и режија на Филип Херин, денеска, во Албанскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот.

КУЛТУРА: Во Кинотеката денеска ќе биде одржана комеморативна седница во чест на филмскиот продуцент Горјан Тозија (1954-2022).

Тозија почина ненадејно вчера во Скопје, по кратко боледување. Неговата обемна професионална биографија вбројува големи успеси на македонската кинематографија.

Тој беше филмски продуцент, поранешен државен секретар во Министерството за култура и советник во Kабинетот на претседателот Бранко Црвенковски, претседател на Друштвото на филмски работници (ДФРМ) и раководеше со продуцентската куќа „Вардар филм“.

Дел од најавите во овој текст се од сервисот на МИА. 

Д. Мишев

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Сервилност или велемајсторски дипломатски потег – дали Руте последен се смее

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за настапот на претседателката на Самитот на НАТО?

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ