• Latest

Борба против корупцијата и криминалот, втора сесија на конференцијата на ЦИВИЛ, со учество на заменик премиерот Николовски

December 9, 2020

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026

По обвинувањата за изборна измама, Израел ги потврди резултатите и влегува во коалициски преговори

November 4, 2026
Фото; Unsplash

Масовни протести во Чешка против реформата на јавните медиуми: Илјадници граѓани бараат заштита на медиумската независност

November 4, 2026

ИНФОГРАФИК: „Блунами“ во САД – што донесе синиот бран и што е следно за Трамп и светот

November 4, 2026

Син бран ја менува Америка: Демократите го освоија Конгресот, Трамп ја губи политичката доминација во Вашингтон

November 4, 2026

Проширувањето на ЕУ забрзува, Северна Македонија ризикува да остане на маргините

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА

Борба против корупцијата и криминалот, втора сесија на конференцијата на ЦИВИЛ, со учество на заменик премиерот Николовски

December 9, 2020 16:44
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Тема на втората сесија од конференцијата за човекови права, правда и антикорупција „Следна станица: Европа“ е борбата против корупцијата. Учесници се Заменик премиерот за борба против корупцијата и криминалот, Љупчо Николовски, политичкиот аналитичар и универзитетски професор, Сашо Орданоски и универзитетската професорка Јасна Бачовска.

Кои се најголемите предизвици за нашата земја што се однесува до криминалот и корупцијата? Што успеа новиот владин ресор за борба против корупцијата и криминалот, а што не успеа да постигне за шест месеци? Ќе ја добие ли оваа Влада битката против корупцијата? Европскиот парламент објави студија за дезинформациските кампањи во земјите на Западен Балкан во која се наведува името и презимето на повеќе актуелни ликови во политиката и медиумите. Дали македонските институции имаат капацитет да се борат против хибридните закани? Што ќе се преземе на политички, правен и општествен план за да се санираат тешките последици од дејствувањето на овие лица наведени во Студијата… се дел од прашањата на коишто ќе се обидат да одговорат учесниците на втората сесија од конференцијата „Следна станица – Европа“, со наслов „Борба против корупцијата и криминалот“.

„Северна Македонија е во деликатна фаза на својот евроинтеграциски пат. И во претходниот и во сегашниот мандат, Владата покажува отвореност кон јавноста и граѓанското општество, а овие денови се навршуваат и 100 дена Влада во новиот мандат. Со оваа конференција ќе се отворат главните прашања во домените на правото и правдата, како и во борбата против корупцијата. Истовремено, ќе направиме обид со конференцијата да започнеме релевантна дискусија за овие прашања во јавноста, наспроти сегашните дневнополитички и теснопартиски надмудрувања на социјалните мрежи. Ова се теми за кои мора да се разговара отворено, со такт и со стратешки и стручен пристап, не со популизам, својствен за еден дел од политичките партии во земјава“ – изјавуваат од организацискиот тим на ЦИВИЛ.

Настанот се организира во рамките на Фестивалот на слободата (25 ноември – 11 декември), а во пресрет на Меѓународниот ден на човековите права (10 декември), во организација на ЦИВИЛ. Во временскиот период на одржување на Фестивалот, влегуваат и Меѓународниот ден на правата на лицата со посебни потреби (3 декември) и Меѓународниот ден на борбата против корупцијата (9 декември).

Конференцијата е дел од проектот „Европа е наш дом“, поддржан од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија. Фестивалот на слободата е мултимедијален настан во рамките на проектот „Граѓански објектив“, поддржан од National Endowment for Democracy (САД), како и од Програмата Цивика Мобилитас, поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка.

Конференцијата ќе биде емитувана во живо на Фејсбук страницата, како и YouTube видео каналот на ЦИВИЛ кој ги поканува медиумите и сите заинтересирани да ја следат и слободно да преземаат содржини кои произлегуваат од конференцијата.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ