• Latest

БРИКС – уште едно пропагандно оружје на Кремљ во војната со Украина

November 21, 2022

ДКСК за ЦИВИЛ: Забранета злоупотреба на функцијата за партиски цели

August 8, 2025
Фото: Принтскрин, Фејсбук на Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска

Тишината на институциите – гласна предизборна партиска промоција

August 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Германија ја запре продажбата на оружје на Израел, како одговор на планот на Нетанјаху за преземање на градот Газа

August 8, 2025

Нови директори на клиниките за неврологија и кардиологија

August 8, 2025
Фото: Микола Кулеба/Х

„Не е поразлично од каталог за робови, ова е трговија со деца“ – руските окупатори лансираат „каталог“ на украински деца за посвојување, сортирани по боја на очи и коса

August 8, 2025

Меџити очекува дивоградбите во Чаир дека нема да биле „голема“ предизборна тема, ќе има мораториум

August 8, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Гласањето за претседател на косовското собрание да биде јавно, еден кандидат може да се гласа три пати- одлучи уставниот суд; Синдикатот на РТК ќе поднесе тужба доколку до 14 август не добијат плата

August 8, 2025

Одбележување 24 години од загинувањето на 10 војници кај Карпалак во 2001

August 8, 2025
Војо Маневски

Национализмот како излезна стратегија секогаш завршува со криза

August 8, 2025

Локалните избори 2025, политички наративи, злоуотреби и ризик од дезинформации: Што треба да знаеме?

August 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

БРИКС – уште едно пропагандно оружје на Кремљ во војната со Украина

Со почетокот на војната во Украина, она што можеше да се забележи како дел од пропагандата, а со тоа и со пласирањето на дезинформации од страна на Москва, беше нагласеното инсистирање фокусот на меѓународната јавност да се сврти на БРИКС. Ова за Русија стана исклучително важно откако ги почувствува сите сериозни последици и ризици од економските и политичките санкции и кога, за дел од решенијата, побара излез во поголема комуникација и соработка со земјите членки на БРИКС, како и во индоктринацијата на останатите земји под влијание на Кина, Русија, Бразил Индија и Југоисточна Африка, јадрото на БРИКС

November 21, 2022 15:03
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Зоран Бојаровски

Своето место во БРИКС Москва го користи максимално за да изгради проруски или антизападни  чувства меѓу земјите членки на оваа заедница, како и во земјите кои гравитираат кон неа.

Во пресрет на војната во Украина, во последните две недели од јануари, руските државни медиуми споделиле 1.600 објави кои се однесуваат на Украина во кампањите за дезинформации во земји како Јужна Африка, Индија, Бразил и Мексико, кои поттикнале приближно 173.000 лајкови, споделувања и коментари – од корисниците на шпански јазик за инвазијата на Украина, додека, на Блискиот Исток, фреквенцијата на објавување на RT Arabic и Sputnik Arabic се зголемувала од 35 отсто до 80 отсто соодветно на развојот на инвазијата во Украина.

Оваа  активност и пропаганда на Русија, секако силно потпомогната од најмоќниот во ова друштво – Кина, донесе и резултати кога на самитот на БРИКС оваа година во јули беше објавено дека членство во оваа заедница најавија Турција, Иран, Саудиска Арабија, Аргентина и Египет, а во одделни објави беа споменувани и Алжир, Мароко и Уругвај.

БРИКС е „вреќа со рогови“ што руската пропаганда настојува да ја скрие

Пропагандата на Москва за проширување на БРИКС започна уште пред одржувањето на Самитот на БРИКС. БРИКС беше една од темите во врвот на агендата на министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Лавров и таа не запре ниту после самитот.

Она што го избегнуваше да го каже Лавров е дека проширувањето на БРИКС нема да оди така лесно и дека токму затоа ова прашање беше поставено на 73-тото место во завршната Декларација од Самитот на БРИКС 2022, од вкупно 75 точки, од кои во последните две се изразува  благодарност за Кина за организацијата на Самитот и за Јужна Африка којашто прифати да биде домаќин на следниот самит.

Зошто е тоа така и што сака да прикрие Москва?

Во 73-тата точка од декларацијата од Пекинг пишува:

Ние го поддржуваме промовирањето на дискусии меѓу членовите на БРИКС за процесот на проширување на БРИКС. Ја нагласуваме потребата да се разјаснат водечките принципи, стандардите, критериумите и процедурите за овој процес на проширување преку „каналот на Шерпас“ врз основа на целосна консултација и консензус.

Според укажувањата на поранешниот потсекретар на ОН, државен секретар на Министерството за надворешни работи на Индија и пратеник во тамошниот парламент, Шаши Тарор, во текстот под индикативен наслов „Are the BRICS Breaking Up?“, 73-тото место на темата проширување на БРИКС е заслуга на Индија, којашто не може да си дозволи во кампањата за проширување да влезе и Пакистан, на пример, којшто Њу Делхи и Вашингтон, го сметаат за земја генератор на меѓународниот тероризам, за кој Индија и САД поднесоа предлог за усвојување на „Сеопфатна конвенција за меѓународниот тероризам“ во ОН, чие што усвојување го блокираше – Кина.

Кина и Индија, двете нуклеарни сили и најмногубројни нации во светот, си имаат и отворени долгогодишни недоразбирања  и нерасчистени сметки и на границата меѓу двете земји на Хималаите, особено после сериозниот инцидент во 2020 година кога загинаа 20 индиски војници.

Шаши Тарор во својата анализа пишува дека Индија отсекогаш била незаменлива самогласка во акронимот БРИКС и нагласува дека ако проширувањето на блокот не ги земе предвид укажувањата на Индија за целосна консултација и консензус од членот 73 од декларацијата, азискиот потконтинент ќе излезе од БРИКС.

Тоа не се единствените два рога во вреќата за проширување на БРИКС. Војната во Украина ги зајакна односите меѓу Иран и Русија, особено откако се утврди дека Техеран ја снабдува Русија со дронови, но тоа нема да биде доволно да ги убедат шиитите во Иран да се „здружат“ со сунитите во Саудијска Арабија. На Москва ѝ е јасно дека работите меѓу Ријад и Техеран се отидени дотаму што за заедничко „дружење“ во БРИКС, претходно ќе треба да се организира мировна конференција.

После изборите во Бразил сега е прашање како ќе се постави новоизбраниот бразилски претседател Луис Игнацио Лула де Силва, од кој се очекува демократизацијата на земјата, ако се знае дека Кина максимално го поддржуваше неговиот претходник авторитарниот Жаир Балсонаро. Познавачот на историјата и на политичките прилики во Бразил Џејмс Н. Грин за македонскиот портал Цивилмедиа, истакна дека новоизбраниот претседател „ќе ја продолжи традицијата на прагматична, независна надворешна политика која од една страна ќе бара добри односи со САД и Европската унија, но и со земјите во БРИКС – Русија, Индија, Кина и Јужна Африка, како и земјите од Јужна Америка и воопшто глобалниот југ“.

Турција во оваа игра има, исто така, специфична улога, бидејќи сите економски и политички контакти на оваа земја членка на НАТО се насочени кон Европа и САД, но, очигледно, амбицијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган да добие уште еден мандат не му пречи да „кокетира“ и со БРИКС.

Погледот на С. Македонија кон БРИКС

Релеите на пропагандата на Русија за БРИКС во С. Македонија се неколку политички структури, меѓу кои Левица, која како парламентарна партија ги користи сите расположиви комуникациски канали и алатки за оваа намена.

Кога станува збор за Левица и за нејзиниот лидер Димитар Апасиев, воопшто не е тешко да се види нивната про-руска, анти-ЕУ и анти-НАТО позиција, како и тенденцијата кон БРИКС.

Во екот на руската воена агресија врз суверена Украина, кога целиот свет воведе политички санкции кон Русија, во Собранието на С. Македонија пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов остварија „деведесетминутна“ средба со рускиот амбасадор во нашата земја Сергеј Баздникин, којашто поминала во „срдечна и пријателска атмосфера“.

Во соопштението на Левица за оваа средба, партијата го комуницира терминот „специјална воена операција во Украина“, како официјален термин за војната на Кремљ. Акцент бил ставен „на процесот на денацификација и елиминирање на заканите од екстремно-десничарските и радикалните неонацистички политички движења, кои се опасност за секоја современа демократија“ што е, исто така, речник на Москва.

Три месеци подоцна Левица, овојпат заедно со ВМРО-ДПМНЕ, ги организираа протестите против „францускиот предлог“ кога  Левица излезе со став дека „ЕУ не е толку примамлива колку што е сега“, дека постојат многу алтертнативи, како Движењето на неврзаните, БРИКС, Европската економска заедница, иницијативата „Појас и пат“ и дека сите концепти се отворени како и тој за Евро-азиската Унија.

Други, помалку влијателни, нo не помалку упорни структури што ги застапуваат овие идеи е партијата „Единствена Македонија“, која во својот проглас запиша дека е за остварување на стратешки сојуз со Русија и членство во Евро-азиската унија, односно во БРИКС, како и „Движењето Бојкотирам“, коешто во 2018 година беше ударната тупаница против референдумот за името и за членството во НАТО и ЕУ.

Последниот видео подкаст на „Движење Бојкотирам“ е токму на темата БРИКС под наслов „Имаат ли #Македонците избор? #ЕУ или #Брикс?“ „емитуван“ на 4 ноември оваа година.

Од прегледот на достапните извори пребарувани преку Гугл, во С. Македонија  медиумите многу малку пишуваат за БРИКС низ еден темелен пристап со објективизирана темелна аналитичност за политичките, па и за економските вредности на оваа заедница. Најчесто станува збор за вести поврзани со одржувањето на поголемите самити или конференции на БРИКС.

На пример, ќе напишат дека БРИКС најавува сопствена валута да му конкурира на американскиот долар, иако оваа најава се рециклира уште од 2014 година кога беше основана Новата развојна банка на БРИКС (The New Development Bank), а нема да најдете податок дека „капиталот“ на Новата развојна банка на БРИКС (The New Development Bank), изнесува 100 милијарди долари, додека капиталот на Меѓународниот монетарен фонд изнесува речиси 700 милијарди долари.

Дури и оние ретки текстови, кои имаат некаков пристап на продлабочена анализа се повторно рефлексија на големите настани на БРИКС, но кога ќе ја прочитате биографијата на авторите, станува јасен аголот на овие статии кои оддишуваат со афирмација за оваа економска и политичка заедница.

Одвреме-навреме текстови за БРИКС со „аналитички“ пристап во македонските медиуми потпишуваат вработени во амбасадата на Руската Федерација во нашата земја. Таква е колумната „Што може БРИКС?“, на Екатерина Акопјан, аташе за медиумите Амбасада на Руската Федерација во Скопје.

За да ги пласира сопствените пропагандистички ставови, меѓу другото и за БРИКС, амбасадата на Руската федерација максимално ја користи својата Фејсбук страница, каде што ќе најдете и вакви пораки:

Денешната реалност е мултиполарност. Москва, заедно со нејзините партнери од БРИКС, претставуваат атрактивна алтернатива на озлогласениот западен ‘светски поредок заснован на правила’.

Пропагандните активности на Русија на тема БРИКС и обидите за свртувањето на вниманието на меѓународната јавност од војната во Украина со спинување кон други локални жаришта, се поклопува со тврдењето на претседателот на државата, Стево Пендаровски, кој во интервју за емисијата „Клик плус“ на ТВ21 на 8 јули оваа година, кога рече дека безбедносната ситуација во С. Македонија се влошува и дека, според информациите кои тој ги добил од безбедносните служби, Руската Федерација ги злоупотребува протестите за „францускиот предлог“ со уфрлени неколку дузини луѓе од соседните земји за да испровоцираат инциденти.

Претседателот Пендаровски уште еднаш го потврди тоа дека С. Македонија е под интензивирани хибридни напади слични на оние од септември 2018 година кога беше организиран референдумот за промена на името.

БРИКС во иднината наспроти Г7, ЕУ, САД и НАТО

Иако БРИКС е убедливо најбројна според популацијата со 3,22 милијарди луѓе, наспроти земјите на Г7 (САД, Јапонија, Германија, Велика Британија, Франција, Италија и Канада) како економски пандан на БРИКС со 775 милиони жители, разликата меѓу БРИКС и Г7 е сѐ уште голема во однос на економската моќ. Во 2021 година бруто домашниот производ на БРИКС изнесувал 24,44 трилиони долари, наспроти двојно повеќе големиот БДП на Г7 кој во истата година изнесувал 45 трилиони долари.

Освен тоа, аналитичарите укажуваат и на големите разлики на амбициите и на природата на тие амбиции на дел од земјите членки на БРИКС, особено на оние на Кина и Русија, па и на Индија.

Постои извесна загриженост и од пројавените амбиции БРИКС, наместо  економски клуб, кој сака да влијае на глобалниот раст и развој, да прерасне во политички. Оваа загриженост доаѓа заради фактот дека – со делумен исклучок на Јужна Африка, сите останати земји на БРИКС во изминатата деценија станаа доминантно авторитарни демократии, ако воопшто и може да се зборува за демократија во Кина како еднопартиска држава.

Сепак, како исто толку значајно, ако не и повеќе, е и тоа дека на БРИКС му недостасува институционална структурираност за ефикасно спроведување на амбициите, бидејќи за заеднички политики уште не станува збор. За разлика од Г7, НАТО и ЕУ, каде институционалниот систем е веќе одамна утврден во темелите на нивното организирање, како и вредностите што ги обединуваат земјите членки врз основа на кои ги градат и спроведуваат заедничките политики.

Извор: vistinomer.mk

Print Friendly, PDF & Email
Tags: БРИКСВојна во Украинадезинформации
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Збрка и будалаштина

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • „Илирида, Чамерија“ и „Наше ќе биде и Солунско поле“

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
[adrotate banner=”5″]
[adrotate banner=”7″]

[mailpoet_form id="1"]

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ