Од Британска амбасада во Северна Маедонија излегоа со соопштение по повод полемиките кои се појавија во јавноста, проследени со непримерен говор на омраза по социјалните мрежи, по повод посетата на македонската министерка за одбрана, Славјанка Петровска на Обединетото Кралство, каде за време на пречекот од страна на Почесната гарда, во чест на министерката беше отсвирен и сегмент од македонска народна музика, „Јовано, Јованке
Во соопштението од амбасадата се вели:
Вчера, Министерката Петровска беше пречекана со Почесна гарда составена од Колдстримската гарда кога пристигна на средбата со Министерот за одбрана на Обединетото Кралство. Како што е вообичаено за ваквиот вид на гарда, на почетокот беше отсвирен музичкиот сегмент „Скорпиус“.
Во знак на почит, пред министерката да ги поздрави гардистите, беше отсвирен и сегмент од македонска народна музика, „Јовано, Јованке“. Националната химна се свири само кога Почесната гарда пречекува Шефови на држави, стои во соопштението од британската амбасада.
Д.М.