• Latest

Британски извештај: На Западен Балкан ќе му требаат децении до стандардите на ЕУ

July 17, 2018

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Британски извештај: На Западен Балкан ќе му требаат децении до стандардите на ЕУ

July 17, 2018 11:34
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

На Србија и другите држави на Западен Балкан ќе им биде потребно 50 или 60 годии да го достигнат животниот стандард на ЕУ, се наведува во извештајот на британскиот Комитет за надворешни работи објавен пред неодамнешниот Самит во Лондон, јави „Блиц“.

Перспективата на шесте земји од Западен Балкан кога станува збор за членство во ЕУ, во овој извештај е многу мрачна, а меѓу големиот број пречки, освен хроничната економска стагнација, се спомнуваат и постојаните билатерални спорови и етнички конфликти.

– Западниот Балкан од насилните конфликти во 90-тите години надмина многу проблеми, но тука завршуваат добрите вести од овој регион. Тој останува оптеретен со испреплетени проблеми. Сето ова не може да се земе здраво за готово. Проблемите во меѓувреме се влошија, а локалните елити имаат интерес да задржат статус кво, се наведува во документот.

Во извештајот на Британскиот комитет се констатира и дека пред помалку од 25 години на Западен Балкан имало војна, како и дека се случило „најекстремното насилство кон цивили во Европа од крајот на Втората светска војна“.

Во документот се цитира и Димитар Бечев од Универзитетот во Северна Каролина.

– Надминати се многу проблеми кои во 90-тите години доведоа до насилни судири, но добрите вести тука завршуваат. Ситуацијата на Западен Балкан се уште ја отежнуваат билатералните спорови и етничките конфликти, наведе Бечев.

Во британскиот извештај исто така се споменува и не толку големата популарност за проширувањето на ЕУ меѓу граѓаните во државите членки, јави Танјуг.

Директорот на агенцијата Нова Европа од Кембриџ, Тимоти Лес вели дека 59 проценти од граѓаните поддржуваат прием на нови членки, додека 49 проценти се апсолутно против.

– Судејќи според сегашниот тренд, на Западен Балкан ќе му требаат децении да се приклучи во ЕУ, оцени Лес. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Европска УнијаЗападен БалканизвештајНова ЕвропаСрбија
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result