• Latest
Војо Маневски

Бркни си, земи си, а ставање?       

December 28, 2020

Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

October 26, 2025

Примирје меѓу Тајланд и Камбоџа – договор потпишан со посредство на Трамп во Куала Лумпур

October 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

САД разгледуваат можност за распоредување мировни сили во Појасот Газа – прашањето денеска на маса во Катар

October 26, 2025

Точно една недела до вториот круг на локалните избори – кампањата влегува во завршница во 32 општини и Град Скопје

October 26, 2025
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025

Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

October 25, 2025

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела

October 25, 2025

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Бркни си, земи си, а ставање?       

December 28, 2020 08:00
in ЕКОНОМИЈА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ВОЈО МАНЕВСКИ

Буџетот на една држава е точка каде се судираат планирањето, извршувањето и намерите на една влада.  Она што таа ќе го одреди како приоритет е показател како треба да ја оценуваат граѓаните. Како на огледало можат да видат колку таа води сметка за нив, за државата како субјект и одржливоста на заедницата во иднина – Пол Кругман,  професор и Нобеловец.

Кон крајот на секоја година се сведуваат сметките за неа. Се претставуваат плановите за идната. Најважен документ што органите на една држава го донесуваат е буџетот – план за приходите и расходите во државната каса.

Хрватите имаат одличен термин – прорачун.

Кај нас донесувањето на ваков документ најчесто е повод за парламентарна пресметка меѓу партиите, што еднаш помина и во конфликт што ја наруши и онака разнишаната доверба во народните претставници. А сликата дека се степаа за нашите граѓански пари е вистински одраз на нивото на демократијата и одделеноста на интересите на граѓаните и политичките партии. И сѐ се сведува на една вистина и едно суштинско прашање – кој ќе располага со нашите пари што се нарекуваат државен буџет?

А, еве како моиве ново-селци сето ова го мудруваат…

Да имаш прекар е доказ за некаква твоја карактеристика или случка која битно влијаела врз претставата на другите за тебе. Да те викаат ГОСПОД, сигурно за тоа има причина која бара дебело објаснување. Не само што треба да те викаат со таков прекар, туку и тежината на зборот кај говорникот создава посебно чувство.

За овие дефиниции не знам дали Методи знаел, ама знаел многу други работи што денес заслужуваат да се  коментираат како актуелни.

На средината на Ново Село, некаде пред мостот како остаток од историските времиња стоеше еден багрем – кралчиче како што тоа дрво се нарекува во Штип.  За време на летните горештини идеално место каде може да се одмори, а ако има аудиториум и да се каже некоја умна реченица. Така Господ доаѓаше после напорната благајничка работа и задолжително стоеше едно време пред да најде соговорник со кој ќе го помине мостот. Од само нему разбирливи причини, ретко го поминуваше сам. Разговорот често се вртеше кон напорната работа како благајник. Ако некој се осмелеше да праша – е што е тешко!? – веднаш добиваше елаборација за термините буџет, благајна и касиер.

– Слушај бе момче, јас работам тешка работа – бркни, земи си. Паузата  е задолжителна додека соговорникот се наведе на прашањето – Е кажи де што е тешко во тоа Господче, што, да не копаш?  Усните на Методи Господ се собираат како зелени сливи да јадел и следува долга редица објаснување.

Абе момче, буџет е од латински збор БУЛГА што значи кожена торба во која се ставале сите предлози за трошење на парите на републиката. Ееее, торба момче, торба. И се отворала секој петок во Сенатот. Едилот бркне во торбата и извади еден пергамент, па чита – Кајиус бара илјада сестерции за чешмата во неговата улица. Гласајте, да му дадеме или не? И така, тој постојано бркнувал во торбата. Бркнувал и вадел. Конзулот слушал само и гледал во магистратот задолжен за даноците. Кога ќе му климнел овој со глава тој изговарал – гласајте татковци на Рим! Ако не видел таков знак од него, станувал и го прашувал Едилот – вадиш само од Булгата а ставаш ли во неа нешто? Тогаш се јавувале сенаторите и поставувале прашања каква е состојбата со државната каса. Е, момче, не е само бркни и земи си, мора некој и да става за да земеш, зошто може да бркнеш и во благајната да нема ништо. Еееее, што да ти расправам , не е тоа за тебе. И следува кратко објаснување дека тоа бркнувањето може да се заврши со неколку години на државна храна и стан во соодветна институција. Господ ја завршуваше дискусијата и го повикуваше соговорникот да го придружува до другиот крај на мостот а при одењето на секој збор додаваше латински призвук – мајстори имам дома треба шмирглиум, лакириум да се прави.

Може ли да се направи некаква споредба со Буџетот на РСМ за идната година? Секако немам намера да ги повторувам елаборациите на почитуваните економисти туку како граѓанин да поставам само неколку прашања.

Идната државна каса ќе тежи околу 4 милијарди евра. Од тоа со даноци ќе треба да се соберат околу 3,4 милијарди евра, а дефицитот да изнесува 4,9 отсто од планираниот БДП. Она БДП е се што ќе произведеме во идната година. Тоа е планот, а колку се ќе се реализира ке каже расходот или завршната сметка на нивниот сооднос. Планирани се 560 милиони евра што повеќе треба да се потрошат одошто сме изработиле Ако немаме пари, а мораме да трошиме, ќе мора да земаме кредити. Кредитите мора да ги враќаат сегашните и идните генерации. Само како илустрација, некои од кредитите на поранешната држава ќе мора да се отплатуваат уште 18 г . Ако се инвестираат во инфраструктура, во исплатливи проекти, тогаш се оправдани. Ама, ако се позајмува за да са задоволи државната администрација со плати и да се поделат заслужените пензии за нашите сограѓани, тогаш мора да се постави прашањето – до кога тоа ќе се прави? Академските објаснувања за движењето на буџетот и среднорочните и долгорочните стратегии се добри за дебата на трибините, но не го менуваат фактот дека трошиме повеќе отколку што имаме.

Владата најавува продажба на компаниите што имаат државна сопственост, продажба на земјиштето во државна сопственост на поединци и компании со домашен и странски капитал. Пари се нужни во ова време кога кризата го погодува и населението и компаниите. Една од функциите на државниот буџет е и тоа. Да биде од помош за граѓаните кога се случуваат вакви појави. Кризата ќе помине а добар дел од слабостите на економијата и општеството во целост, ќе останат. Што ќе продаваме тогаш?

Најавите за борба со корупцијата и сивата економија можат да помогнат зошто некои анализи кажуваат дека дури 30 отсто од приходите се губат на тој начин. Се одомаќини сфаќањето дека тоа е бизнис. Земањето од заедничкиот доход и ставањето на сметка на поединци не е бизнис, туку има друг термин што е поврзан со казнените институции.

Колку ќе биде успешна владата во спроведувањето на оваа борба ќе биде еднакво со успешноста на нејзините економски политики. Правната држава за која партиите декларативно се залагаат не е само исполнување на европска агенда туку наша домашна нужност. Странците знаат како да си го заштитат капиталот, домашните компании и граѓаните се во опасност и несигурност. Со правната сигурност се намалува и даночната евазија што директно значи посигурно полнење на приходната страна на буџетот.

Каде најмногу троши државата? Ако се погледнат ставките и за лаиците е јасно дека тоа е за функционирање на државата како апарат. Преголем, неефикасен а скап. Ако не се реформира и доведе до некаква оптималност спрема можностите на буџетот, секоја година ќе се појавуваат сѐ поголеми проблеми. Вработените ќе бидат незадоволни од платите , за нивните активности ќе нема пари а граѓаните ќе се уште понезадоволни. Врежаното мислење дека само државното работно место е добро работно место ќе ја уништи и економијата и администрацијата и државата во целост. Партиските калкулации за губењето на гласовите ако се зафатат со ваква реформа за нив е оправдана политика . А зошто ни се партии ако се важни само нивните интереси? По што тогаш се разликуваат од кој било експлоататор?

Сигурно за овие обични граѓански дилеми има научни објаснувања и елаборирање од социјален, економски, етички план – јас само се држам да мудроста на моиве ново-селци.

Состојбите различно ги толкуваме а се работи за тоа тие да се изменат – некако вака во своите тези тврдел Лудвиг Фојербах, а мојот ново-селец со возвишен прекар Господ, кога го премине мостот на Брегалница и веќе е во сигурната близина на својата лозница, се врти кон рибарите што упорно гледаат во тапите од јадиците и гласно прашува – К’ца ли, к’ца ли? Низ топлиот воздух ретко добива одговор,  а тој значајно констатира – што ќе кќца кога оваа година нема риба, не го помина бентот другарчиња, а ланската ја изловивте.

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторот.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: буџетдржавна сопственостекономијакризаразвој
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ