Српската премиерка Ана Брнабиќ истакна дека Србија ќе продолжи активно да работи на иницијативата Отворен Балкан, изразувајќи надеж дека и Црна Гора и Босна и Херцеговина ќе се приклучат.
Таа изјави дека „иницијативата е отворена и за Приштина, бидејќи ќе обезбеди дијалог за најважните прашања, теми за квалитетот на животот на сите луѓе од овие области, а со самото тоа и за безбедноста на Србите (на Косово)“.
Продолживме да градиме најдобри можни односи со партнерите од САД, чија отворена поддршка за иницијативата Отворен Балкан многу ја цениме и со кои градиме се поуспешна економска соработка, заклучи Брнабиќ.