• Latest

Брнс: Како стратешки партнер и пријател на Македонија, САД го повикуваат Иванов да ја преиспита одлуката

March 16, 2017

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026 (преземена од Фејзбук профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Политичка битка за Изборниот законик: Електронското гласање за дијаспората ја продлабочува кризата околу изборните реформи

July 3, 2026

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Брнс: Како стратешки партнер и пријател на Македонија, САД го повикуваат Иванов да ја преиспита одлуката

March 16, 2017 16:32
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вршителката на должност шеф на Мисијата на САД во ОБСЕ, Кејт М. Брнс, денеска на Постојаниот совет на ОБСЕ во Виена, му ја пренесе на македонскиот шеф на дипломатијата Никола Попоски, загриженоста на САД за политичката ситуација во Македонија, порачувајќи му дека САД опстојуваат на барањето -претседателот Ѓорге Иванов да ја преиспита одлуката за недоделување на мандатот на партиитекои обезбедија парламентарно мнозинство. 

Изразувајќи задоволство што политичките лидери во Македонија, вклучувајќи го и претседателот Ѓорге Иванов, министерот за надворешни работи Попоски и лидерите на сите парламентарни политички партии се сретнаа со генералниот секретар на ОБСЕ, Ламберто Заниер, за време на неговата посета на Скопје на 9-ти март, заради важноста – политичките лидери во Македонија да останат ангажирани во соработката со меѓународната заедница, како и за продолжување на дијалогот во земјата, Брнс порача дека „САД остануваат разочарани затоа што претседателот Иванов одби да им даде можност на пратениците кои имаат јасно мнозинство да формираат нова влада“.

„И натаму веруваме дека ова не е доследно на заложбите на ОБСЕ, на основните демократски принципи и на владеењето на правото. Како стратешки партнер и пријател на Македонија, но и со целосно почитување на нејзиниот суверенитет и единство, САД го повикуваат претседателот Иванов да ја преиспита одлуката“, децидна е Брнс.

Повикувајќи ги соседите на Македонија „да покажат воздржаност и да бидат конструктивни во време на политичката чувствителност во земјата“, Брнс го повтори апелот на САД до македонската влада, до политичките лидери и до политичките партии, да се воздржат од напади врз граѓанските организации, и да им помогнат и да ги поддржат независните поединци и институции, како и да избегнуваат реторика која поттикнува тензии.

Брнс го поддржа и апелот на генералниот секретар Заниер за целосно спроведување на охридскиот Рамковен договор, понуди поддршка и помош од ОБСЕ и нејзините институции и ги повика сите партии во Македонија – интересите на државата и на граѓаните да ги стават над сѐ, и целосно да ги исполнат своите заложби и обврски од Договорот од Пржино.

„Политичката криза може да се реши само преку почитување на македонските закони и меѓународните обврски, како и почитување на волјата на народот, слободно изразена преку демократските процеси, вклучувајќи ги и изборите во декември лани, во духот на инклузивноста и меѓуетничката соработка“, потенцираше Брнс.

Tags: IvanovБрнсДоговор од ПржиноЗаниерОБСЕПопоскиСАДтензии
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ