„Треба да се направи попис. Мило ми беше што Законот за попис помина во парламентот и тоа се случи со поддршка на некои опозиционери, тоа има важна улога. Како што е познато, овде немало попис цели 20 години. Недостигот на точни податоци правењето јавни политики го прави тежок процес. Од наша гледна точка важно е да се изврши попис и да се оди понатаму како статистичка практика, а не политичка, но креаторите на политики да располагаат со такви алатки“- истакна амбасадорката на САД, Кејт Брнз, во интервјуто на телевизија Канал 5.
„Имаме доверба дека пописот ќе биде професионален и ќе се користи за прибирање прецизни податоци за јавни политики и да се привлечат инвестиции важни за вашиот развој“, рече Брнз.