Бројот на загинатите во трагичниот пожар во дискотеката во Кочани се искачи на 59, од кој 35 се идентификувани, додека бројот на повредени изнесува 155, изјави на прес конференција министерот за внатрешни работи, панче Тошковски.
Тој истакна дека меѓу загинатите има и припадник на МВР, кој таму бил на службена должност.
Министерот кажа дека е распишана потерница по 4 лица, без да соопшти кои се тие лица.
Д. Мишев