Бројот на загинати во ракетниот напад на Русија врз трговскиот центар Амстор во Кременчук се искачи на 18
„18 убиени… Искрено сочувство до роднините и пријателите. Спасувачите продолжуваат да работат“, објави на Телеграм шефот на регионалната воена управа на Полтава, Дмитро Лунин.
Како што е соопштено, во 15:50 часот на 27 јуни, Русите лансирале ракети Kh-22 врз трговски центар во градот Кременчук со околу 1.000 цивили внатре. Површината на пожарот во зградата достигна 10.300 метри квадратни. Претходно беше соопштено за 15 загинати лица. Повредени се најмалку 59 лица, од кои 25 се хоспитализирани.
Подготви: Д.Мишев