• Latest

„Брз прст лажни вести носи“ – мото на петтите Денови на медиумска писменост

October 24, 2023
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Семејни пат’ридии

October 12, 2025

Пакистан и Авганистан на раб на војна: Размена на оган, тенкови и дронови на границата

October 12, 2025

Кампањата за локалните избори 2025 влегува во последната седмица

October 12, 2025

Филипче бара одговор: Дали Владата прифаќа мигранти за милијарди евра – Муцунски демантира: Лага е!

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на
PBS NewsHour

Најмалку 60 лица загинаа во напад со беспилотно летало врз бегалски центар во Судан

October 11, 2025

Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

October 11, 2025

Русија ја нападна енергетска и цивилна инфраструктура во регионот Одеса, едно лице е повредено

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

„Брз прст лажни вести носи“ – мото на петтите Денови на медиумска писменост

October 24, 2023 14:07
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

Подложноста на населението на дезинформациски кампањи, теории на заговор и други алтернативни наративи е последица на структурни фактори, кои треба да се адресираат со конкретни програми наместо со практики на политизација, отфрлање или игнорирање, беше истакнато на првиот панел од  петтите Денови на медиумската писменост кои, под мотото „Брз прст лажни вести носи“, се одржуваат од денеска до крајот на месецов, во организација на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и членовите на Мрежата за медиумска писменост (ММП).

Деновите ќе опфатат повеќе настани со цел да се поттикнат активности што ќе им помогнат на граѓаните да се справат со ширењето лажни вести и дезинформации. Се совпаѓаат и со активностите што ги организира УНЕСКО како глобална активност во борбата со дезинформациите и медиумска писменост во дигиталниот простор.

Директорот на АВМУ, Зоран Трајчевски, изјави дека е доста големо ширењето на лажните вести и дезинформации, особено преку социјалните медиуми, и дека ниту државните институции ниту проверувачите на факти не можат да ги проверат сите информации.

-Ако се погледне интернет-просторот, ќе се види дека имаме копипејст новинарство, една лажна вест потоа ја пренесуваат голем број медиуми. Традиционалните медиуми се можеби поотпорни, но и тие понекогаш, може не по сопствена волја и заради одреден пропуст, може да дозволат понатаму да бидат ширачи лажните вести и дезинформации, рече  Трајчевски.

Додаде дека поради се поголемото влијание на социјалните медиуми, важно е граѓаните да бидат отпорни на ширење на лажните вести и дезинформации, имајќи предвид дека претстојат два изборни процеса во државава и во контекст на, како што рече, носење правилна одлука при спроведувањето на изборите, не само в година туку и во иднина.

-Процесот на подигнување на медиумската писменост е доста тежок. Како ММП и како државна институција сме упорни и истрајни да направиме се да го подигнеме нивото на медиумска писменост, рече директорот на АВМУ.

Филип Стојановски од Фондацијата „Метаморфозис“, кој го водеше првиот панел, во име на сите членки – граѓански организации кои се дел од Мрежата за медиумска писменост, истакна дека е неопходен заеднички пристап за да се зголеми нивото на медиумска писменост во нашето општество и отпорноста кон дезинформаците, кои, рече, често се поврзани и со домашни и со странски антидемократски штетни влијанија.

-Неопходно е сите државни институции, сектори во општеството, не само граѓанскиот и медиумскиот, туку и приватниот сектор, особено академската заедница, истражувачите, образовните институции, медицинскиот сектор, сите заедно да работат и да ги согледаат прашањата кои се поврзани со медиумска писменост во нивната област и да им помогнат на граѓаните да го развијат овој збир на вештини и знаења кој се нарекува медиумска писменост. Верувам дека тоа е исклучително важен елемент од развојот на демократијата и економскиот просперитет во нашата држава и дека со заеднички напор може да се постигне многу повисоко ниво и на знаење и на заштита на основните права на граѓаните кои се покриени со оваа сфера, изјави Стојановски.

Посочи и дека медиумската писменост не е само медиумско, туку и безбедносно прашање и не само на државно ниво, во врска со разни геополитички влијанија, туку  и на лично ниво од аспект на заштита на личните права и економска сигурност затоа што сајбер нападите ја искористуваат ниската медиумска писменост.

Според Билјана Петковска, директорка на Македонскиот институт за медиуми (МИМ), не постои медиумски писмена нација доколку медиумската писменост не е застапена во формалното образование и заради тоа пред три години, во соработка со Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието, и со поддршка на ИРЕКС и УСАИД, почна воведување на медиумската писменост во наставата.

-Со гордост можам да кажам дека денеска, после три години, таа е веќе дел во најголем процент во наставните програми во основното образование, а наскоро ќе почнеме со работа и вклучување на медиумската писменост во наставните програми на средното образование, Со тоа, Македонија ќе биде една од ретките држави, ако не и единствена во регионот, која има имплементирано содржини од медиумска писменост во основното и во средното образование, што ќе значи вклучување во програмите на сите нивоа од задолжителното образование во нашата земја. На тој начин како држава ние инвестираме во иднината на граѓаните, во просперитетот на општеството и во зајакнување на компетенциите на младите луѓе за да можат да се адаптираат и успешно да партиципираат во новите современи текови што ги диктира технологијата, рече Петковска.

Оцени дека во изминатите неколку години е направен значителен прогрес во медиумската писменост на младите, но дека технологијата и дигиталниот свет се менува со голема брзина и мора постојано, како што рече, „да ги апдејтираме знаењата за да бидеме во чекор со промените“.

Покрај едукација на младите, се работи и со повозрасни граѓани и со пензионери. Во тие проекти е активен Институтот за комуникациски студии, кој исто така работи и на медиумска писменост во високото образование каде што се воведуваат наставни програми, особено на педагошките факултети за обучување на идните наставници во оваа област.

Фото: МИА

МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на N1

    Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ