• Latest

Брзи, ама одложени избори

October 21, 2019
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Партизација, корупција и сиромаштија – Граѓаните револтирани по пораката дека реформите се завршени

May 28, 2026

Школската година завршува, а децата што научија?

May 28, 2026

Сирените на „братството и единството“

May 28, 2026

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Спортот не е платформа за пропаганда на убиства

May 27, 2026

Уставните измени, „бугарското прашање“ и европскиот пат: Како да се води рационална дебата без страв и манипулации

May 27, 2026
Илустрација: ВИ

РЕАКЦИИ: Од повици за компромис до обвинувања за „бугарска уцена“ – граѓаните поделени за ставовите на Мицкоски и Филипче околу Бугарија

May 27, 2026

ЦИВИЛ одговори на критиките за „бугарското прашање“: Јавната дебата не смее да се затвора во националистички рамки

May 27, 2026
Илустрација: ВИ

Њујорк Тајмс: Заканите за Гренланд ја отворија дебатата за влез на Исланд во ЕУ

May 27, 2026

Нешто, сепак, се движи во МПЦ: Заминувањето на владиката Петар од сцената

May 27, 2026

Нови американски воени напади врз Иран го прекинаа кревкото примирје: Ескалација во Ормускиот теснец и економски шокови

May 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Брзи, ама одложени избори

Изборите не се детска играчка, па да си играат Мицкоски и Груевски како сакаат. Не е ова режимот што го спроведуваа, па да дивеат како ќе им текне! Но, нашле, па зашле, им се може, бидејќи овде некој решил да гради нормална држава, макар и со ненормални ликови.

October 21, 2019 13:42
in КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Македонската политичка питореска ќе се збогати со уште едни предвремени парламентарни избори. Што се случи? Премиерот одважно, одговорно и храбро ја понуди можноста сите граѓанки и граѓани да оценат дали неговата политика е добра или не – на избори. Брзи, рече.

Така, претседателот Пендаровски брзо реагираше и ги собра сите лидери (лидер+1) што настапувале самостојно и освоиле пратенички места на претходните (предвремени) парламентарни избори, им ги собра телефоните пред да седнат на маса и модерираше дискусија, прво за ЕУ интеграциите, а потоа и за изборите.

Од тоа што го дознавме, Мицкоски бил како кутре, мирен и кооперативен, нишкал со глава, се обидувал да направи гримаса што изгледа како насмевка, не рекол ни збор за тоа дека реформите не се спроведуваат, додека Заев реферирал за огромните пофалби од европските лидери за направените реформи во земјава. И во вториот дел, тој бил послушен и мирен, до моментот кога Заев предложил брзите предвремени избори да се одржат навистина брзо – на 22 декември. Тука, почнал да цимоли и да бара да се одржат што е можно подоцна.

Самоуверено, Заев прифатил, па така сега имаме предвремени избори што ќе се одржат за половина година од сега. Веројатно, со намера да нема ниедна дамка, ниедно оправдување по изборите, му дозволил на вемеровецот број два (нели, „пречесниот“ претседател е број еден) да го диктира темпото на „брзите“ избори.

Какви се тие брзи предвремени избори што се одржуваат после половина година, останува отворено прашање. На долгата листа крајно непријатни прашања на кои треба да одговори Мицкоски сега треба да се додаде уште едно. Тој мора да одговори зошто бега од брзи избори. Особено ако се знае дека работи против земјата и бара избори, практично, од првиот работен ден на владата, 1 јуни 2017 година. Тоа е дури половина година по изборите во декември 2016 година, еден месец по крвавиот терор што го спроведоа во Собранието (27 април) и се обидоа да го убијат Заев и други пратеници и лидери на политички партии. Треба ли да потсетам на сето тоа? И дека речиси им успеа да го убијат Зијадин Села?

Во претходните „рафали“ наведов многу прашања, но овде би било добро да се потсетиме барем на две-три во овој контекст: Каква е врската меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Орце Камчев? Каква е улогата на Мицкоски во настаните од 27 април, особено во поглед на опструкцијата на правдата во истрагите и судските процеси кои уследија по настаните? Како и да е, прашањето на денот останува: Зошто бега од брзи избори кога толку упорно ги бара секој ден по неколку пати (буквално се работи за многу повеќе од илјада пати повторено барање во јавноста за две и пол години)?

Постојат уште неколку легитимни прашања и потпрашања на кои одговорни политичари мора да одговорат. Ако веќе не може да бидат брзи избори, зошто мора да бидат во април, а да не бидат во октомври идната година. Односно, ако чекаме половина година на брзи избори, зошто да не почекаме уште половина година до редовни избори? Особено ако знаеме дека редовниот термин би требало да биде во декември (два месеци подоцна). Во Грција се одржаа избори помалку од два месеци пред редовниот термин, па ги нарекоа предвремени.

Изборите не се детска играчка, па да си играат Мицкоски и Груевски како сакаат. Не е ова режимот што го спроведуваа, па да дивеат како ќе им текне! Но, нашле, па зашле, им се може, бидејќи овде некој решил да гради нормална држава, макар и со ненормални ликови.

И, што е најтрагично, не помина ни една минута, а ние бевме сведоци на драстична трансформација. Од кутре со скратено опавче што цивка и се умилкува, откако го доби тоа, се претвори во дрзок и арогантен радикал кој продолжи да навредува и галами. Партиското стадо, тоа истото што минатата недела славеше кога не добивме датум за преговори, сега слави затоа што доби предвремени избори, ама одложени, за да имаат време да истурат што е можно повеќе отров и омраза, како да не беше доволно што сѐ моравме да видиме и слушнеме од нив во изминатите години.

И да, тоа е истата партија што со месеци наназад работи против сопствената земја, лобира да не добиеме датум. Истата партија што во ниеден момент не покажа, барем лажно, дека сака да биде поинаква од времето кога владееше со животот и смртта на луѓето како да се инсекти. И што должи пари, а седиштето им е под хипотека. И што има милионски буџет што го плаќаме сите, вклучувајќи ги и „клетите“ за кои одеднаш вели дека му било задоволство кога го гушкале.

Веќе еден ден по договорот за избори во април, вемерето покажа неодговорност и незрелост, истурајќи притоа грамади простотилак и омраза по улиците, социјалните мрежи и медиумите. Сега би требало Заев да се јави кај Пендаровски и да побара уште една лидерска и да побара, сепак, избори на 22 декември. Тоа ќе нѐ поштеди од многу непотребно губење време, пари и нерви.

Ќе прават ли демант и на ова писание? Колку ли им недостига времето кога луѓето се плашеа и да шепотат, а камоли да пишуваат и говорат!

 

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 
Со преземање на било која содржина објавена на ЦИВИЛ Медиа, спротивно на Условите, се согласувате на ЦИВИЛ да му исплатите надоместок од 25.000 денари во рок од осум дена по преземањето на содржината. Оваа обврска не застарува, а за секое доцнење на исплатата ќе биде пресметана соодветна законска камата.
Доколку некоја содржина е потпишана со ЦИВИЛ Тим за комуникации, тогаш преземањето е дозволено во целост.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ