Бугарските власти, кои првично дадоа дозвола, сепак на крајот истата ја повлекоа и не дозволија прелет на авион со кој рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, требаше да допатува на Самитот на ОбСЕ во Скопје. Причината која ја наведоа за одлуката е тоа што во авионот, како дел од делегацијата, била и портпаролката на руското МНР, Марија Захарова.
Летот, кој се одвивал преку воздушниот простор на Турција и на Грција, а не и на Бугарија, траел повеќе од пет часа, а Лавров слетал на скопскиот аеродром дури по завршувањето неформалната вечера (на која, како што дознаваме воопшто и не бил поканет), и по заминувањето на неколку делегации, меќу кои и онаа со американскиот државен секретар Ентони Блинкен.
„ Дозволата не се однесува на директорот на одделот за информации и печат на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, која се појавува на списокот со санкции, во согласност со важечките закони на ЕУ“.