• Latest

Бугарското вето и долгото чекање во европската чекалница – причини за падот на поддршката за членство во ЕУ

July 22, 2021

Иран не се согласил на инспекции, ниту се откажал од збогатувањето ураниум, вели Трамп

July 5, 2025
Мурал Ратко Младиќ во Белград, Фотографија/ скриншот од видео на Ал Џазира

Србија и Сребреница: Од гласна тишина до бучна релативизација

July 5, 2025
„Жолто копче“ дигитално здравство
Фотографија/ Министерство за здравство

МЗ: Северна Македонија меѓу првите држави со европски стандард во дигиталното здравство – „Жолто копче“

July 5, 2025

Дојава за бомба во косовскиот парламент, евакуирани пратениците

July 5, 2025
Ванг Ји, министер за надворешни работи на Кина во Брисел
Фото/ скриншот од видео на ЦНА

Кина е подготвена да ги координира мировните напори за Украина со Франција, изјави кинескиот министер за надворешни работи

July 5, 2025
Фото: Твитер

Украинските воздушни одбранбени сили неутрализираа 292 од 322 руски дронови преку ноќ

July 5, 2025

Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

July 5, 2025

Прекината мерката притвор за Додик, според судот на БиХ веќе не претставува опасност по уставниот поредок

July 5, 2025
23 dead and more tha 25 children missing in Texas flood
Photo> screenshot Sky Tv

Поплави во Тексас: 24 мртви и до 25 деца исчезнати откако летен камп беше однесен од поплавите

July 5, 2025

One Stop систем за побрз проток и помалку чекање на граѓаните на ГП Табановце-Прешево

July 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Бугарското вето и долгото чекање во европската чекалница – причини за падот на поддршката за членство во ЕУ

July 22, 2021 12:10
in ИЗЈАВИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

По неодамнешното  истражување на „Балкан барометар 2021“ на Регионалниот совет за соработка, кое детектира пад на поддршката за членство на Северна Македонија во ЕУ на досега најниско ниво од 53 отсто, ЦИВИЛ упати прашања до релевантни институции и експерти, на што се должи падот и, што може да се направи за подобрување на перцепциите. Општа е констатацијата дека падот и разочараноста се должи на повеќегодишното одложување на почетокот на проговорите, новите условувања и ветото од Бугарија.

За намалувањето на поддршката на граѓаните за членство во ЕУ, разговаравме со Секретаријатот за европски прашања, односно Кабинетот на вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, Малинка Јорданова од ЕПИ, и директорот на МЦМС, Александар Кржаловски. Од канцеларијата на Европската делегација во Скопје, до овој момент не добивме одговор.

„Повторното одложување на почетокот на пристапните преговори што претставува неспроведување на одлуката донесена од Советот на ЕУ во март 2020 година, заедно со поставувањето услови кои не се на линија на европските вредности и критериумите за членство, имаат одраз врз поддршката на граѓаните за европската перспектива на земјата“, се вели во одговорот од кабинетот на вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров.

Според СЕП, пропуштените години значат и изгубени генерации во потрага по европскиот начин на живот, при што таквото искуство дава одредена доза на претпазливост при формулирање на надежите и оптимизмот. Сепак, треба да се има предвид дека овие ставови се променливи во зависност од околностите, па така според резултатите од истражувањето на „Брима Галуп“ кои беа соопштени вчера, големо мнозинство од македонските граѓани остануваат посветени на европската агенда.

 

Никола Димитров, вицепремиер за европски прашања

„Така, 76,3% од испитаниците одговориле дека е подобро да станеме членка на ЕУ, додека само 19,8% одговориле дека е подобро да не станеме членка на ЕУ. Овие резултати покажуваат дека македонското општество е политички зрело и свесно за влогот што со себе го носи европската перспектива како единствена одржлива идеја за иднината на овој регион“, се вели во одговорот од кабинетот на вицепремиерот Димитров.

На прашањето што може да се направи во насока на подобрување и зголемување на довербата на граѓаните во ЕУ, од кабинетот посочуваат дека спроведувањето на реформите е најконзистентната стратегија за зголемување на довербата кај граѓаните.

„Подобрувањето на стратешката комуникација на ЕУ со регионот е една од актуелните теми за приоритетите на Унијата во следниот период. Од македонска страна, одлучното спроведување на реформи кои значат приближување кон европските стандарди и вредности и европскиот начин на живот, пред сѐ заради самите граѓани, е најконзистентната стратегија за зголемување на довербата“, порачуваат од СЕП.

И Малинка Јорданова од ЕПИ вели дека една од причините за недовербата на граѓаните е и ветото на Бугарија, како и немоќта на државите членки да се справат со блокадата, што е секако основната причина за тоа.

„Многу очекуван и логичен е падот на оптимизмот на граѓаните за пристапувањето на нашата држава кон ЕУ. Ветото на Бугарија и немоќта на државите-членки да се справат со блокадата е секако основната причина за тоа. Дополнително, преку нерешавањето на ова прашање граѓаните многу конкретно, на свој грб, осознаваат дека во ЕУ во моментов нема расположение за проширувањето, што придонесува да се зголеми песимизмот. Скоро една третина од граѓаните – 31% (за разлика од 25% лани и 22% во 2019) сега мислат дека никогаш нема да станеме членка на ЕУ“, истакна Јорданова.

Од друга страна, таа вели дека може да се забележи остра разлика во очекувањата – додека 28% од граѓаните веруваат дека членството може да се очекува до 2025 година, 35% мислат дека тоа може да се случи до 2030 година.

 

Малинка Јорданова – извор блог ЕПИ

„Овие очекувања, пак, се нереални, имајќи ја предвид досегашната динамика на пристапувањето на Црна Гора и Србија и фактот дека таа значително успорува, особено по донесувањето на новата Стратегија за проширувањето. Сепак, ваквата „нереалност“ се должи во голема мера и на авторите на анкетата, кои ги дале како опција овие години за избор“, вели Јорданова за ЦИВИЛ Медиа.

„Да престане компромитацијата на вредностите на ЕУ е единствениот пат за враќање на довербата на ЕУ во случајот на Македонија. Секако, тоа е во рацете на институциите на ЕУ“, е пораката на Јорданова во однос на насоките што понатаму.

Со констатацијата дека бугарското вето е една од причините за опаѓањето на довербата на граѓаните, се согласува и директорот на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Александар Кржаловски.

“Со мала ограда во однос на споредливоста на анкетите (сепак овде не е директно прашање за поддршка на членството во ЕУ), сепак може да се констатира дека очекувано – таа поддршка за членство во ЕУ е опадната после второто бугарско вето. И покрај постојаните охрабрувачки пораки од претставници на другите земји членки и нивни амбасадори во земјава, сепак премногу пати и премногу долго сме изложени на разочарувања и непринципиелни постапувања од ЕУ, за да се зборува за „мал застој“ или „дупки во патот“. Бесперспективноста, односно уверувањето дека и не се гледа баш начин (или брзо решение) како тој пат ќе се откочи, логично, го зголемува и евроскептицизмот и ја намалува поддршката за членство на Македонија во ЕУ“, вели Кржаловски.

Александар Кржаловски, МЦМС

Тој смета дека тоа е веројатно и добро, за некакво „освестување“ дека секако сами треба да си го тераме патот кон сопствениот развој и да разбереме дека можеме тоа да го (на)правиме со свои знаења и сили, ем дека не треба утопистички да ги слушаме мантрите дека “без ЕУ ни нема спас, ќе пропаднеме“ (еве 30 години сме без членство во ЕУ, па не пропаднавме)… А во тој процес и ќе демонстрираме дека сме способни, подобни и пожелни за членство во ЕУ.

„Тоа е всушност и таа алтернатива (без ЕУ) која ја живееме веќе 30 години. За жал се пропуштија многу шанси и досега, а и многу паметни луѓе одамна ја напуштија државата, а други не се нафаќаат да ја „оправат“ ситуацијата, па се препушти водењето на државата на многу партиски медиокритети, што не дава многу надеж дека и оваа алтернатива ќе биде поуспешна“, смета Кржаловски во однос на прашањето на ЦИВИЛ Медиа, што може да се направи  во насока на подобрување и зголемување на довербата на граѓаните во ЕУ.

ЦИВИЛ внимателно ги следи политичките и општествените текови во однос на интеграцијата на Република Северна Македонија во ЕУ, како и придружните внатрешни и надворешни активности што се однесуваат на добрите и полезни практики и политики за промовирање и спроведување на европските вредности во нашата земја.

Дијана Тахири

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ