• Latest
Апсење на новинарот Фуркан Салиу, Коњаре, 7 април 2024

Бурни реакции по апсењето и тепањето на новинарот Фуркан Салиу: ЦИВИЛ, ЗНМ, Маричиќ, Таравари, Битиќи, СДСМ… МВР се правда со пиштол најден во автомобил

April 8, 2024
фото: страница Убијците на Кочани

Крвави лица на Мицкоски, Тошковски и Јанев на страницата „Убијците на Кочани“ – ВМРО-ДПМНЕ бара истрага

September 17, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц: Завршување на војната на сметка на политичкиот суверенитет и територијалниот интегритет на Украина не доаѓа предвид

September 17, 2025

Правилникот на ДИК за собирање потписи за кандидатските листи за локалните избори пред Уставен суд

September 17, 2025
Trump arriving to the UK
Source: screenshot CBS

Трамп синоќа пристигна во Велика Британија во втора државна посета

September 17, 2025
Фото: ЦУК

Активни четири пожари, изминатото деноноќие вкупно 20 пожари

September 17, 2025

Продолжен притворот за нови 48 часа на четворицата за пожарот во Трубарево

September 17, 2025
„Шест месеци без правда за Кочани“, плоштад Македонија, Скопје 16 септември 2025
фото: ЦИВИЛ

„Марш за ангелите“ во Скопје – Шест месеци без правда за Кочани

September 16, 2025

По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

September 16, 2025
Марш на Ангелите
Извор: Фронтлајн

Одговорност за сите што со своето молчење учествувале во ова злосторство, бараат родителите на жртвите во Кочани

September 16, 2025
Еди Рам, Брисел 16 септември 2025
извор: ФБ

Албанија реализира 28 од 33 преговарачки поглавја со ЕУ

September 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Бурни реакции по апсењето и тепањето на новинарот Фуркан Салиу: ЦИВИЛ, ЗНМ, Маричиќ, Таравари, Битиќи, СДСМ… МВР се правда со пиштол најден во автомобил

April 8, 2024 07:23
in ВЕСТИ, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Апсење на новинарот Фуркан Салиу, Коњаре, 7 април 2024

Апсење на новинарот Фуркан Салиу, Коњаре, 7 април 2024

Share on FacebookShare on Twitter

Новинарот и сопственик на ПорталиХ, Фуркан Салиу беше уапсен од специјалната полиција (ЕБР) за време на фудбалски натпревар во Коњаре, кумановско, вчера попладне. Апсењето беше брутално и предизвика бурни реакции во јавноста. По повеќечасовно задржување во полициска станица, Салиу беше ослободен доцна синоќа.

Според извор познат на ЦИВИЛ, очевидец на настанот, новинарот Фуркан Салиу реагирал при апсење на навивач за време на важниот фудбалски натпревар меѓу “БВК Коњаре” и ФК “Куманово.

МВР се правда

Министерството за внатрешни работи (МВР) излезе со соопштение за приведувањето на новинарот и сопственик на PortalX Фуркан Салиу.

Од оваа институција потенцираат дека околу 17 часот на фудбалскиот стадион во с. Средно Коњари за време на фудбалскиот натпревар помеѓу ФК “БВК Коњаре” и ФК “Куманово”, на дваесетина минути пред крајот на натпреварот дошло до обид домашната публика да се пресмета со гостинските играчи. Обидот е спречен од страна на службите кои го обезбедуваа натпреварот и натпреварот бил прекинат.

“За време на интервенцијата, од страна на две лица нападнати се припадници на Единицата за брзо распоредување. Лицата кои го извршиле нападот веднаш се приведени и утврдено е дека станува збор за Ф.С. (33) од с. Арачиново и Н.Ј. (26) од с. Арачиново, додека С.Б. (40) од с. Арачиново е приведен за учество во тепачка”.

Од МВР известуваат дека дополнително, околу 18 часот, при преглед на патничко возило “дачија дастер”, сопственост на Ф.С., а управувано од Ф.А. (34) од с. Кондово со сопатник А.Р. (21) од с. Кондово, во багажникот е пронајден пиштол. СВР Скопје презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Во иста линија беше и реакцијата на техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошовски преку социјалните мрежи.

Тој во своето пишување не го именува Фуркан Салиу како новинар, туку со „лицето“ Ф.С.

„Во однос на приведувањето на лицето Ф.С. од Скопје ја информирам јавноста дека истото е последица на извршен напад на полициски службеници, припадници на Единицата за брзо распоредување кои биле ангажирани за одржување на јавен ред и мир на фудбалски натпревар кој бил оценет како натпревар со безбедносен ризик, а кои во моментот на напад од наведеното лице интервенирале бидејќи дошло до обид домашната публика да се пресмета со гостинските играчи“, истакна Тошовски, кадешто меѓу другото вели дека извршен е преглед на автомобил во негова сопственост и во истиот е пронајден пиштол.

И од опозициската ВМРО-ДПМНЕ барат да се расветли случајот со приведувањето на новинарот Фуркан Салиу, и да се почитуваат неговите права, но го осудуваат и нападот врз службеното лице.

„Секој еден новинар ја има нашата поддршка. ВМРО-ДПМНЕ не поддржува насилство, и осудуваме било каков напад врз службено лице на МВР. Тоа треба да се осуди од сите чинители и доколку се потврди дека тоа е сторено, тогаш сторителот треба да ги сноси сите последици согласно законите и Уставот“.

Салиу негира дека нападнал полициски службеник

Новинарот Фуркан Салиу смета дека е уапсен затоа што снимал како полицијата тепа недолжно момче на фудбалски натпревар, на кој настанал тотален хаос, а според него, МВР имала лоша координација Тој вели дека поседува дозвола за пиштолот, кој е пронајден расклопен во неговиот автомобил при полициски претрес по инцидентот, во негово отсуство. А најлошо, според него, е што ги бришеа видеата од неговото апсење и насилсвото извршено кон него.

Тој во изјава за медиумите кажа дека смета оти е ослободен само затоа што работи како новинар и дека во спротивно би завршил во притвор. Салиу образложи дека на натпреварот настанал тотален хаос, а полицијата била без координација и почнала да тепа недолжно момче.

„Ме товарат дека сум нападнал полицаец. Нека го докажат тоа, од утре не ме гледате на екран. Ќе се извинам и ќе се тргнам. Нека докажат дека сум чепнал еден полицаец. Имаше таму полицајци кои снимаат, имаше камери од страна, нека докажат дека јас сум удрил полицаец… Полицајците почнаа да тепаат момче кое воопшто не учествуваше во тепачката, го ставија под кола да не се гледа и почнаа да го тепаат. Го извадив телефонот за да го документирам тоа, затоа што дечкото навистина ништо не направи. Ми го земаа телефонот, ме уапсија мене дека сум пружал отпор, сум нападнал полицаец, ве молам докажете го тоа. Викам во видеото, се слуша, бегај – новинар сум, снимам, 90 отсто од тие полицајци ме знаат“, изјави Салиу.

Тој додава и дека го уапсила полициска единица чиј началник побарал среде натпревар новинарот да ги смири двете страни. Во однос на пиштолот, Салиу обвини дека откако е приведен, приватниот автомобил му  е претресен во негово отсуство.

Тогаш полицијата му го пронашла пиштолот, за кој вели дека имал дозвола и го чувал расклопен, како што сметал и дека треба да се чува.

На новинарско прашање дали е ова обид за негово замолчување откако деновиве објави документи за кои тврди дека покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ направила оперативен план за пласирање лажни вести и лажни анкети, Салиу кажа дека не сака да верува во такво нешто.

„Излегува дека е така. Не сакам да верувам дека во 2024 година, кога оваа земја се стреми да стане членка на ЕУ се создава ситуација каде новинар преку полиција се обидува да се замолчи. Нема да успеат, ова е само обид, но излегува дека е така. Не сакам да верувам дека тоа е намерно и планирано од штабот на ВМРО, но испаѓа дека е, Јас се уште не сум ја завршил изјавата, а министерот објавува на Фејсбук“, изјави Салиу.

Во меѓувреме, ЗНМ излезе со соопштение во кое се бараше итно ослободување на новинарот Фуркан Салиу.

ЦИВИЛ остро ја осуди полициската бруталност, и побара итно ослободување на новинарот и итна истрага за пречекорување на полициските овластувања и полициска бруталност.

Пендаровски: Се надевам дека тоа не е знак на враќање на режимот на Груевски

„Успеав да видам само кратка видео снимка од апсењето на новинарот Салиу, детали за случајот немам. Очекувам и официјалните органи и МВР да кажат и да ја чуеме и другата страна, на новинарот. Но, кога ја видов снимката на која специјалци апсат новинар и тоа повеќемина врз еден, ме врати на старите мрачни времиња на Груевски, кога новинари заглавуваа во затвор и беа тепани и замолкнувани“ рече претседателот Стево Пендаровски на граѓанската трибина во Охрид одговарајќи на прашања од граѓаните.

Таравари со осуда за апсењето на новинарот Салиу

Кандидатот за претседател од коалицијата „ВЛЕН“ Арбен Таравари го осуди апсењето на новинарот Фуркан Салиу.

„Според сите докази, неговото апсење е извршено под услови на извршување на неговата професија. Барајќи ослободување на новинарот Фуркан Салиу и најбрзо расчистување на случајот, потсетувам и на изјавата на Лек Дукаѓини: „Гласникот не е виновен за веста што ја дава! Не го осудувајте Гласникот, туку Веста!“, напиша Таравари во социјалните мрежи.

Маричиќ: Денес е Фуркан, утре може да е било кој друг

„Денес е Фуркан, утре може да е било кој друг. Слободата мора да ја чуваме. Режим никогаш повеќе. Слободата е наша неотуѓива правдина“, напиша во социјалните мрежи вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричичќ.

„Нашата држава доживеа преобразба од период на ограничувања до ера на слобода. Во 2023 година, Северна Македонија се искачи на 38. место во Глобалниот индекс на „Репортери без граници“, покажувајќи значително подобрување во слободата на медиумите и граѓанските права, во споредба со мрачниот период на заробена држава (2013-2016), кога беше на 123 место“, додаде тој.

Дерала: ПОЛИЦИСКА БРУТАЛНОСТ НА МВРО – Зошто беа поставени нови началници во полицијата?

„Насилството беше очигледно од видео снимките на социјалните мрежи. Тоа што е помалку очигледно, а сосема извесно, е инструментализирање на полицијата и активирање на пропагандната машинерија во ист такт: Да се посее страв и да се предизвикаат поделби и тензии, а по потреба и насилство. Што е следно?“ – напиша Џабир Дерала веднаш по бруталното апсење на новинарот Салиу.

Ѓорѓиоски: Го претепаа и уапсија Фуркан – Што треба уште да направат за да ни е јасно со кого си имаме работа?!

„Мрачните сцени од времето на МВРО-ВМРО се враќаат. Силниците по наредба на вмровските началници го враќаат МВРО на сцена преку тепање на новинари. Сега е Фуркан, утре ќе сум јас, ти…“ – напиша Јане Ѓорѓиоски од Фронтлајн.

СДСМ: Со апсењето на новинарот Салиу се врати ВМРО-МВРО

Од СДСМ реагираа дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ го врати ВМРО-МВРО на најбезобразен, брутален начин со апсење на новинарот Фуркан Салиу.

„На сите им е јасно дека ова е обид за замолчување и заплашување, откако новинарот објави афера директно поврзана со ДПМНЕ“, изјави потпаролот на ова партија Дарко Каевски

НСДП: Ова е вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ

Ова е вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ и начинот на практикување на власта – реагираа од НСДП.

„Вака го апсеа Лубе Бошковски на ден по изборите во 2011 година, за искажан збор во затвор лежеше Томче Кежаровски, ја затворија А1 телевизија, денес го уапсија Фуркан Салиу“.

Она што стои како дилема од целиот настан е зошто е пуштен новинарот Салиу ако имало напад над службено лице, како што викаат од МВР, министерот и така натаму. ЦИВИЛ ќе продолжи да го следи настанот со посебно внимание, се со цел да се дознае вистината.

Назми Абдурахмани

Print Friendly, PDF & Email
Tags: МВРФуркан Салиу
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    209 shares
    Share 84 Tweet 52
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • Хаотично заебавање

    129 shares
    Share 52 Tweet 32
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    124 shares
    Share 50 Tweet 31
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ