Во Скопје има 239 активни случаи на заболени со корона вирусот. На чело на листата е Општина Чаир со 54 случаи, а по тоа следи Сарај со 39 случаи, Гази Баба со 34 случаи, Аеродром со 29 случаи и Бутел со 25 случаи.
Најмал број активни случаи со заболени од КОВИД19 во главниот град имаат Карпош и Центар со по 9. Денеска Министерот за здравство, д-р Венко Филипче побара од МВР поголема контрола на терен за почитувањето на заштитните мерки. И градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, побара од граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од корона вирусот.