• Latest

Хакатон по повод 75 години од депортацијата на македонските Евреи

March 10, 2018

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Хакатон по повод 75 години од депортацијата на македонските Евреи

March 10, 2018 10:01
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Во Центарот за култура во Битола денеска и утре се одржува Биталон – првиот хакатон во Македонија, кој што има цел на иновативен начин, со информатички алатки, да ја раскаже, а со тоа и да ја оживее, приказната за битолските Евреи преку Еврејските гробишта и Паркот на живите во Битола.

Хакатон натпреварот е под покривителство на Министерството за надворешни работи на Израел и Министерството за информатичко општество и администрација на Република Македонија, во соработка со Факултетот за информатички и комуникациски технологии-Битола.

На отворањето на хакатонот вечер во 18 часот ќе се обрати министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

На нови ИТ решенија ќе работат тимови на млади информатичари, иноватори и креатори од цела Македонија. Ментори и судии се еминентни експерти од Израел и Македонија, од областа на информатиката, еврејската историја и култура, археологијата, медиумите, лидери на технолошки паркови, инвеститори и универзитетски професори, како и предводниците на проектот за ревитализација на еврејското минато во Битола и уредување на Меморијален парк на живите на Еврејските гробишта во Битола. Ќе се користат ретки документи, фотографии, видеа и други ресурси кои сведочат за Еврејската заедница во Битола, а кои се собрани од различни истражувачки институции, универзитети, музеи, ладино центри и приватни колекции од цел свет.

Целта е да се изработи дигитална платформа за посетителите на Паркот на живите во Битола. Натпреварувачите ќе работат и на креирање на холограми, видео игри, апликации, веб страни, интерактивни 2D или 3D мапи, анимации и други ИТ алатки тематски поврзани со историјата и наследството на Еврејската заедница во Битола. Воедно, ќе се работи и на развој на дигитални албуми кои ќе служат за едукација или како туристички водичи.

Натпреварувачите ќе се запознаат со еврејското наследство во Битола преку едукативна тура под менторство на Марија Герас Дочовска, координатор на Проектот за Ревитализација на Еврејските гробишта и Паркот на живите сеќавања и Маја Суша од Фондот на Холокаустот. При тоа ќе ги слушнат еврејските приказни од Широк сокак и Еврејското маало, а ќе ги посетат и Заводот, Музеј во Битола и куќата на еврејското семејство Ароесте.
За најдобрите ИТ решенија е предвидена награда. Трите победнички тимови ќе добијат целосно платена студиска посета на Израел, старт уп нацијата. Во Ерусалим и Тел Авив ќе посетат високотехнолошки паркови, мултинационални компании, акцелератори и културно-историски знаменитости, како кулата на Музејот на Давид, Цезареата и други знаменитости.

Промоцијата на побединичките тимови ќе биде организирана на специјален настан во понеделник во Скопје под покривителство на Министерството за информатичко општество.

Хакатонот е дел од програмата за одбележување на 75 годишнината од депортацијата на македонските Евреи. Организатор на комеморативните активности во Битола е Општина Битола во соработка со Здружението „Архам”, носител на проектот за ревитализација на еврејското минато во Битола и уредување на Меморијален парк на живите на Еврејските гробишта во Битола.

Дел од учесниците на Хакатонот веќе пристигнаа во Битола, каде ги пречека амбасадорот на Изарел Дан Оријан.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: 75 годишнинаБитолаХакатон
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ