Според изјавата на турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, шефовите на дипломатиите на Русија и Украина ќе се сретнат во четврток во Турција, пренесува Си -Ен – Ен.
Во телевизиска изјава Мевлут Чавушоглу рече дека ќе присуствува и на средбата во Анталија меѓу Сергеј Лавров и Дмитро Кулеба.
„По иницијативите на претседателот Ердоган и нашите интензивни дипломатски напори, министрите за надворешни работи Сергеј Лавров од Русија и Дмитро Кулеба од Украина одлучија да се сретнат со моето учество на маргините на Форумот за дипломатија во Анталија“, напиша Чавушоглу на Твитер.
Си-Ен-Ен го контактираше украинското Министерство за надворешни работи за потврда. Чавушоглу рече дека и Лавров и Кулеба го потврдиле своето учество.
Форумот за дипломатија во Анталија е годишен настан, а пред Русија да ја нападне Украина, на списокот на присутни беа шефот на НАТО, Јанс Столтенберг и шефот за надворешна политика на Европската унија, Жозеп Борел.
Се надеваме дека оваа средба ќе биде пресвртница. Сакаме оваа средба да биде важен чекор на патот на мирот и стабилноста. Ќе работиме за траен мир и стабилност“, додаде Чавушоглу.
Д.М.