Во екот на предизборието, распуштањето на Собранието и носењето на Законот за Јавно Обвинителство, ЦИВИЛ Медиа разговараше со амбасадорот Н.Е. Мирослав Томан и Специјалната пратеничка на министерот за надворешни работи на Република Чешка, Н.Е. Јанина Хшебичкова. Разговаравме за нивните оценки за актуелните состојби во земјата, но и за чешкото искуство во процесот на пристапување кон ЕУ.
„Ова се многу тешки моменти, затоа што многу поединци во различни влади, различни полтички партии, се сé уште оние кои го имаат таканаречениот стар начин на размислување од пред 30 години, пред војната, за време на војната, по војната. Ова, исто така, отежнува, затоа ни требаат млади политичари и млади луѓе. Млади луѓе кои ќе покажат и ќе почнат да покажуваат интерес при влегување во политика, за време на јавната функција и кои во основа ќе се обидуваат да соработуваат со оние кои тоа го прават многу години“, смета специјалната пратеничка Хшебичкова.
„Знаеме дека Законот за јавното обвинителство се расправаше повеќе од една година, а можеби и повеќе. Дефинитивно е еден од добрите примери дека државата е способна да постигне успеси во областа на владеењето на правото, што претставува една од главните работи за Европската унија. Секако, ќе беше многу подобро да се донесеше законот на почеток, но разбирам и можам да замислам колку време е потребно за тоа. Сите закони за кои е потребно мнозинство во парламент не е лесно да се донесат, било каде, не само во вашата земја. Тоа е секогаш тешко“, вели амбасадорот Томан.
Целото интервју денеска, на пладне во ЦИВИЛ Медиа. Разговорот го водеше Џабир Дерала.
М. И.