Денеска се одбележува Меѓународниот ден на Бошњаците, во спомен на 28 септември 1993 година, кога во Сараево се одржа Бошњачкото Собрание и беше донесена одлука за враќање на историското име Бошњак, и да го врати историското именување на босанскиот јазик.
ЦИВИЛ како организација која длабоко ги негува и промовира културните и етничките различности во земјата и ширум светот, им го честита Денот на сите Бошњаци во Северна Македонија, со почит кон посебноста и вредностите со кои придонесуваат во нашето мултикултурно општество.