пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ
Има ли поубаво од тоа да гледаш луѓе од различни припадности како заеднички слават медал на македонски спортист на Олимпијада? Нема.
Славиме ние, слават и во нашите соседни држави. Убаво е кога има причини за прослава и надеж, а такви се поретки за мали држави од добропознати причини.
А повторно ги има и оние што наместо да прослават, и во вакви успеси бараат причина за поделби меѓу луѓето. Истите структури, со исто оркестрирано плукање, лаги и омраза на интернет, исто е сè, само темата е нова.
Има ли крај и чаре за таквите несреќници и мизерија? Нема.
Младичот уште еднаш ќе ви повтори: На национализмот мора да му се каже: Марш надвор од спортот
Море, марш и од секоја област на општеството што се гуши со децении во таа смрдеа, главна кочница за уште повеќе заеднички успеси и радости!