Откако пред неколку дена медиумите објавија дека „од срцев удар почина Радиша Блажиќ, таткото на убиецот од Младеновац“, денеска истите медиуми објавија дека е уапсен Радиша Блажиќ (58), таткото на убиецот Урош Блажиќ, кој е осомничен за убиство на осум лица, а 14 се повредени во Мали Орашје и Дубона.
Радиша Блажиќ е поранешен припадник на војската на Србија кој се товари за кривично дело недозволено изработување, држење оружје и експлозивни направи.
Урош Блажиќ (21) минатиот четврток (4 мај 2023) со автоматско оружје убил 8 лица, а десетина се повредени откако пукал во соседите кои ги затекнал во три села. Тој во моментов е уапсен.
Граѓаните треба да бидат повнимателни какви информации примаат, бидејќи во измимнатиот период се изложени на низа дезинформации за случаите во Србија.
Мониторинг тим на ЦИВИЛ