Во регионот на Доњецк, руските војници изминатиот ден убија четворица цивили, а повредија уште двајца, додека во руските напади во градот Никопол беше повредена е 57-годишна жена, пренесува Укринформ.
„На 30 август Русите убија четворица цивили во регионот Доњецк: двајца – во Клишчијивка, еден – во Бахмут и еден – во Корсунивка. Уште две лица беа повредени“, објави Павло Кириленко, началник на Регионалната воена управа на Доњецк на Телеграм.
Тој нагласи дека сè уште е невозможно да се утврди точниот број на жртви во Мариупол и Волноваха.
Како што е соопштено, руските војници не престануваат да се обидуваат да стигнат до административната граница на регионот Доњецк. Жестоките борби продолжуваат во областите Кодема, Зајцеве, Писки, Первомаиске и Маринка.
Руските окупациски сили го нападнаа округот Никопол со Град МЛРС и тешка артилерија четири пати во текот на ноќта.
„Градот Никопол беше погоден двапати. Повредена е 57-годишна жена. Таа е во болница. Лекарите ја оценуваат нејзината состојба како умерена“, објави на Телеграм Валентин Резниченко, шеф на регионалната воена управа на Дњепропетровск.
Непријателските гранати оштетија 12 станбени блокови, неколку продавници, неколку аптеки, колеџ, детско и младинско спортско училиште и културно-спортски комплекс во градот.
Во заедницата Мирове нема жртви. Ситуацијата во другите области е мирна.
Подготви: Д.Мишев