• Latest

Холокауст: Прогонот на шест милиони Евреи во логорите на смртта започнал со говор на омраза!

January 27, 2017

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Ова е Хан Соло Џуниор (илустрација: ChatGPT/OpenAI - FRONTLINE.MK)

„Куршлус“ на FRONTLINE: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026
Христијан Мицкоски,   Вашингтон, 19 септември 2026 (фото извор: ФБ профил на Христијан Мицкоски)

Мицкоски од Вашингтон: Повторно големи инвестициски планови и проекти, прашањето за бугарската заедница останува без решение

September 19, 2026
Гласачко место на руските парламентарни избори, септември 2026 (фото извор: KYIV POST)

Избори на по теркот на Путин: Забранета опозиција, притисоци врз гласачи и сомнително електронско гласање

September 19, 2026
Приштина, 18 септември 2026 (фото: LIRIA KA EMËR)

Илјадници протестираа во Приштина против пресудата за поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово

September 18, 2026
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Фон дер Лајен на турнеја низ Западен Балкан: Тирана, Приштина, Подгорица и Скопје сега, а Белград и Сараево по изборите

September 18, 2026

Србија протера истражувач за слобода на медиумите: Меѓународните организации алармираат

September 18, 2026

СВЕТОТ ДЕНЕСКА: Ескалација на Блискиот Исток, жестоки битки во Украина и климатски катастрофи во Европа

September 18, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Единаесеттиот човек

September 18, 2026
Александар Вучиќ (фото: www.predsednik.rs)

Вучиќ во Украина на самитот Карпатска иницијатива: Белград меѓу поддршката за територијалниот интегритет на Украина и одбивањето санкции против Русија

September 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДИСКУРС ГОВОР НА ОМРАЗА

Холокауст: Прогонот на шест милиони Евреи во логорите на смртта започнал со говор на омраза!

January 27, 2017 13:38
in ГОВОР НА ОМРАЗА, ОПШТЕСТВО, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Светот денеска го одбележува 27 Јануари – Меѓународниот ден на сеќавањето на  Холокаустот. На денешен ден во 1945 година, Црвената армија на тогашниот СССР го ослободи логорот Аушвиц – Биркенау и преживеаните 7.000 логораши, со што датумот остана врежан во светската историја.

На денешниот ден се одбележува споменот на геноцидот што резултираше со смрт на околу шест милиони Евреи, два милиона Роми, 250.000 лица со посебни потреби, како и 9.000 хомосексуалци, жртви на нацистичкиот режим и на неговите соработници.

Одлуката за одбележување на 27 Јануари, е донесена со Резолуција на Генералното собрание на Обединетите нации на 1 ноември 2005 година.

Сеќавањето на Холокаустот Македонија вчера го одбележа со комеморативна седница во Министерството за надворешни работи. Пред присутните на настанот се обрати и Сара Ле Гутман Калдерон од Израел, ќерка на Гита Шами, единствената Еврејка од Македонија која го преживеала Холокаустот во логорот Аушвиц-Биркенау.

„Се подготвуваа за вечера, според сите обичаи, кога дојде една жена и кажа дека сите Евреи од Битола ќе се депортираат на непозната дестинација…“, раскажуваше Гутман пред промоција на нејзиното дело „Мишлоах Манот“, животна приказна за нејзиното семејство Шами-Калдерон од Битола и за нејзината мајка.

„Сите треба да се сеќаваме, дека секоја жртва не е бројка, туку има свое име. Македонија загуби голем дел од својата култура, со смртта на 98 проценти од еврејското население. Сеќавањето, за нас е само почеток, а не крај на нашата одговорност. Должноста што ја имаме е активно да се спротивставиме и да ги одбраниме сите од оние кои што нé напаѓаат врз основа на религијата, да се здружиме заедно против меѓуверската омраза и да ја зацврстиме нашата заложна за права и слободи на секој човек“, истакна американскиот амбасадор Џес Бејли.

„Да се запамети за да не се повтори дека прогонот на шест милиони Евреи во логорите на смртта во Втората светска војна, започнал со говор на омраза што прерасна во демонизација на цела група луѓе осудени на смрт во концентрационите логори“, истакна претседателката на Еврејската верска заедница во Македонија, Берта Романо Николиќ.

Во Македонија денес има околу 200 Евреи, а во логорите на смртта во Втората светска војна, беа депортирани 7.000 македонски Евреи.

Холокаустот во целиот свет ја промени перцепцијата за и почитување на човечкиот живот, независно од родовите, верските, политичките, сексуалните определби.

На настанот по повод Меѓународниот ден на холокаустот, се обратија и амбасадорот на Полска, Јацек Мултановски и министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Попоски.

По повод Меѓународниот ден на Холокаустот, во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија вечер ќе одржи концерт сопранистката Ермне Блондел и пијанистката Каролин Вилиамумеи. Концертот ќе реализира со поддршка на амбасадата на Австрија во Скопје и на Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија и во соработка со здружението „Ервекте Штимен форум Виена„ (Еrweckte Stimmen Forum Wien).

М. Теговска / Б. Јордановска

 

Tags: Аушвицвтора светска војнаевреиМакедонијахолокаустЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ