• Latest

Холокаустот врз Ромите го одбележаа само Ромите!

August 4, 2017

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

Путин сакаше ослабено НАТО, но може да добие многу поопасна и понепредвидлива Алијанса

May 30, 2026

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Холокаустот врз Ромите го одбележаа само Ромите!

August 4, 2017 16:03
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Педесетина млади лица облечени во црно, со црни брендирани маици, вчера маршираа низ плоштадот „Македонија“ преку Камениот мост, до плоштадот „Филип Втори“. Помислив дека се „Ќосињата“ и дека го одбележуваат „Илинден“, со тоа што излегле да претестираат против Договорот со Бугарија. Но, набрзо сфатив дека тоа се студенти Роми кои решиле да го одбележат Денот на сеќавање на жртвите од холокаустот врз Ромите, 2 Август, според трагичниот настан од 2 август 1944 година, кога биле убиени над 3.000 ромски мажи, жени и деца во гасните комори на логорот Аушвиц-Биркенау во Полска.

Пишува: Дехран Муратов

Во Меморијалниот центар на холокаустот врз Евреите од Македонија, педесетина ромски студенти и активисти имаа прилика преку видео-порака да слушнат сведочења на неколку преживеани Роми во логорите на Адолф Хитлер. Според неофицијални податоци, околу половина милион Роми се убиени во гасните комори, или служеле за експериментални испитувања.

„Сите Роми што нè носеа во ‘циганските логори’, нѐ жигосуваа со сериски број и буквата Ц“, вели една од преживеаните. Таа додава, „додека шетав на улица, неколку млади момчиња ми ја забележаа ‘тетоважата’ и почнаа да ме навредуваат и клеветат оти било лага и измислица дека Хитлер ги измачувал и убивал Ромите. Во тој момент, многу се исплашив“, додава на снимката, преживеаната бабичка, која напишала и книга за тоа што се случувало во „циганските логори“ за време на Втората светска војна.

„Имавме дванаесет коњи, бевме добро ситуирани. Еден ден, дојдоа војниците го земаа татко ми и сите нè одведоа од нашиот дом. Тогаш бев мал и бев задоволен што конечно ќе патувам со воз. Меѓуоа, во возот имаше премногу луѓе, во еден момент, на една мајка детето и падна од раце, се наведна да го земе, но, потоа немаше простор да се исправи. По два дена, кога се отворија вратите на вагонот, детето и мајката лежеа мртви на подот“, раскажува друг преживеан на видео-материјалот.

Додека ги слушав сведочењата на преживеаните Роми, ме обзеде жал, бес, но и срам… Срам, затоа што денес, ние Ромите, имаме можност да се избориме за своите права, но, наместо да бидеме погласни, ние молчиме за неправдите (со чест на исклучоци)! Можеби порано медиумите одлучуваа дали ќе отстапат простор за некој ромски проблем, меѓутоа, денес има и социјални мрежи, кои се отворени за сите дипломирани Роми, за стотиците студенти…

Во најмала рака очекував од невладините организации и граѓанските здруженија, активист(к)ите за човекови права и слободи, да дадат некаква поддршка… Но, веројатно правата на  Ромите ги интересираат само кога има некој проект или грант.

Од друга страна, вчера не видов ниту еден активист од „Шарена револуција“, ниту од „За заедничка Македонија“… Не ги видов ниту пред дваесетина дена, на маршот за „Геноцидот во Сребреница“!

Европската комисија ден пред Денот на сеќавање на жртвите од холокаустот врз Ромите, на 1 август 2017 им оддаде признание на Ромите, во знак на сеќавање на илјадниците ромски жртви кои ги загубија животите за време на Втората светска војна.

„Не смееме да ги заборавиме овие неописливи злосторства против Ромите. Помладите генерации, треба да знаат и да ја разберат оваа трагедија. Прогонот и дискриминацијата немаат место во ЕУ! Сеќавањето на грешките од минатото, ни помага да ја изградиме Европа, врз основа на нашите заеднички европски вредности“, се вели во изјвата на првиот заменик-претседател Франс Тимерманс, и комесарот Вера Јоурова.

Европската комисија ги повикува сите земји-членки да го признаат геноцидот врз Ромите во Втората светска војна и ја потврдува својата поддршка за резолуцијата на Европскиот парламент од 15 април 2015 година, во врска со признавањето од 2 Август како Ден на сеќавање на холокаустот врз Ромите.

Останува прашањето дали ќе имаме ромски, македонски, албански, босански, еврејски маршеви и секој ќе се бори за „своите“… Или, конечно, сите заедно ќе го осудиме секој геноцид, секое злосторство против човештвото, секој пример на говор на омраза… И сите ќе живееме едни со други, и ќе ќе се бориме за слобода и прав(д)а!

Tags: Европска КомисијаЕУМакедонијамаршстуденти Ромихолокауст врз Ромите
Share30TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ