Вицепремиерката и министерка за надворешни работи и европски прашања на Хрватска Марија Пејчиновиќ Буриќ денеска и утре (12 и 13 март) ќе престојува во официјална посета на Македонија.
Пејчиновиќ Буриќ денеска ќе има средби со претставници на Заедницата на Хрватите во Република Македонија и со хрватски стопанственици.
Утре, како што соопшти хрватското МНР, Пејчиновиќ Буриќ ќе се сретне со македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров, а потоа таа ќе биде примена и од претседателот Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието Талат Џафери и од премиерот Зоран Заев.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.