По повод „Интернационалниот ден на желбата“, денеска во Скопје ќе се оддржи втората самостојна изложба насловена „13 Причини зошто“ на младата уметница Христина Тарабунова, која ќе биде од хуманитарен карактер.
Тарабунова ќе се претстави со рачно ткаени парчиња мутави (черги) изработени на начин, различен од традиционалниот. Изложбата е од продажен карактер, а покрај Тарабунова ќе учествуваат уште 10 млади талентирани уметници.
– Проектот е замислен како целодневна забава, а собраните средства ќе бидат донирани во фондацијата Златна Рипка за децата болни од тешки болести од одделот Онкологија во Државна болница, наведуваат организаторите.
Настанот ќе се одржи во кафе бар „Излет“, и е отворен за сите посетители.
Извор: МИА